ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Партијата на Слави Трифонов излегува од бугарската влада поради „Македонија и банкротот“

June 8, 2022 19:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По отприлика половина година на затегнати односи, се распадна владината коалиција во Бугарија. Шоуменот Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ во видеообраќање соопшти дека ги повлекува министрите од партијата од владата и излегува од неа, јави Бугарското национално радио (БНР).

Потегот на Трифонов уследи по долгите несогласувања во коалицијата, во која за разлика од партнерите, „Има таков народ“ постојано декларираше тврд став кон Македонија, противејќи се на стартот на преговорите на земјава за членство во ЕУ. Директен повод за ваквите бранувања се сигналите дека е целосно прифатлив предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за давање датум на Северна Македонија и разрешување на спорните теми во секое поглавје од преговорите посебно.

Трифонов во видеобраќањето го обвини Кирил Петков за национално предавство поради неговите ставови за Северна Македонија.

„Излегувам од владата. Од денеска ги повлекувам министрите на Има таков народ и ставам крај на оваа коалиција и на оваа агонија“, порача Трифонов во обраќањето, појаснувајќи дека неговата партија ќе го поддржува буџетот само во делот на доходите.

Премиерот Кирил Петков по објавата на Трифонов, рече дека е подготвен да води малцинска влада.

„Подготвени сме за влада на малцинството, но нема да трошиме“, рече тој, пренесува БНР.

Христо Иванов, ко-претседател на „Демократска Бугарија“ го повика Трифонов да седнат на преговори.

Со излегувањето на „Има таков народ“ од владејачката коалиција и парламентарното мнозинство, малцинска влада на Петков би можела да смета на 109 пратеници, наместо на досегашните 134. Опозициските ГЕРБ, Движење за права и слободи и „В’зраждане“ имаат 106 гласа, но велат дека се подготвени да ја поддржуваат власта за некои теми. А и „Има таков народ“ ќе ја поддржува на таков начин власта, но само на страната на доходите во буџетот. За да „поминат“ решенијата во парламентот на малцинската влада на Петков се неопходни 121 глас. „Продолжуваме со промената“ има 67 пратеници, а нејзините преостанати коалициски партнери – Бугарската социјалистичка партија (БСП) и „Демократска Бугарија“ имаат 26, односно 16 пратеници. Тоа значи дека на малцинската владејачка коалиција и недостигаат 12 гласови од другите партии во парламентот, пишува бугарски „Дневник“.

Сегашната бугарската влада, по долги преговори откако Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“ го доби мандатот да формира влада, беше изгласана во бугарскиот парламент на 13 декември 2021 година.

„Причините поради кои оваа коалиција не функционира и поради кои ние немаме место во неа се две – Македонија и фактот дека државата повеќе нема пари“, објасни Трифонов додавајќи дека министрите ја напуштиле седницата на владиниот кабинет „поради исклучително лошиот буџет“ претставен од министерот за финансии Асен Василев.

Василев е вториот ко-претседател на „Продолжуваме со промената“.

Очекувано, Трифонов акцент стави на разидувањето во ставовите меѓу премиерот Кирил Петков и министерката Теодора Генчовска, која е од „Има таков народ“

„Ниту премиерот, ниту министерот за финансии се справуваат, ниту коалицијата работи како што треба. Ова е агонија. Премиерот Кирил Петков води друга надворешна политика, различна политика од таа на МНР… Премиерот ветил на различни лидери од Европа и светот дека ќе го дигне ветото за РСМ и прави се што е можно за тоа да се случи, и покрај тоа што огромен дел од бугарските граѓани сакаат РСМ да го исполни договорот меѓу двете држави. Кирил Петков грубо, без пардон и еднострано не го почитува потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да донесува еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Тоа се нарекува национално предавство“, рече Трифонов.

извор: МЕТА.мк

Next Post

Ковачевски на крајот на Самитот: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти за соработка

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk