Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на самиотот „Отворен Балкан“ којшто се одржува во Охрид, оствари средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Тегелтија пред да замине на самитот во Охрид, побара од Претседателството на БиХ да разгледа и да се согласи за пристапување на БиХ во регионалната иницијатива.
Тегелтија пред заминувањето за Охрид, испрати писмо до Претседателството на БиХ, во кое покрај информациите за заминување во Охрид бара да се разгледа и да се даде согласност за пристапување на БиХ во иницијативата Отворен Балкан со цел, како што наведува, граѓаните и бизнис заедницата во БиХ да не бидат единствени во регионот изоставени од оваа регионална иницијатива.
Регионалната иницијатива Отворен Балкан засега се состои од Србија, Албанија и Северна Македонија.
Д. М/ И. Т. З







