ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на Самитот во Солун: ЕУ интеграцијата, регионалната соработка и енергетската трансформација остануваат наши врвни приоритети

June 10, 2022 18:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) денеска во Солун, учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На самитот со премиерот Ковачевски присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со Самитот претседаваше премиерот на Грција, Кирјaкос Мицотакис, а на високо ниво учествуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски потенцираше дека трите клучни приоритети за нашата земја во овој период на најголема Светска криза по Втората Светска војна, се реализацијата на енергетските проекти, регионалната соработка, како и од неопходноста од интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Во однос на светската енергетска криза и растот на цените како резултат на воената агресија врз Украина, премиерот Ковачевски посочи дека глобалните последици кои ги чувствува целиот свет бараат итна заедничка координација преку платформи како што е ПСЈИЕ.

„Постои чувство на итност за натамошна заедничка координација со цел веднаш да одговориме на заедничките предизвици преку корисни платформи како што е ПСЈИЕ, но и во синергија со Европската Унија. Во тој поглед, ја поздравивме подготвеноста на ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во заедничката платформа за купување гас, со цел диверзификација на енергетските резерви, најмногу испораките на гас и зајакнување на енергетската безбедност. Северна Македонија е посветена на зголемување на енергетската диверзификација и независност за поддршка на нашата национална безбедност, а со тоа ќе ги спречи влијанијата од климатските промени. Во таа насока, Северна Македонија започна значајни проекти за  енергетска транзиција и инвестиции во обновлива енергија. Покрај двете стратешки инвестиции во обновливи извори на енергија во нашата земја на германска и француска компанија, сакам да го потенцирам постигнатиот договор за соработка за реализација на изградба на гасниот терминал и гасната централа во Александропули, каде неодамна започна изградбата. Наскоро ќе биде во тек изградбата на нашиот гасен интерконектор со Грција, а планираме и гасни интерконектори со нашите соседи Србија и Косово поддржани со средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ“, истакна Ковачевски.

Во однос на важноста од регионалната соработка премиерот Ковачевски подвлече дека Северна Македонија е целосно посветена на регионалната интеграција преку политички, економски и безбедносни иницијативи и целосно ја поддржуваме поблиската економска интеграција. Во тој контекст Ковачевски дискутираше и за важноста од имплементација на Стратегијата ЈИЕ 2030 усвоена минатата година во Анталија.

„Можности за унапредување на регионална соработка има и во рамки на Берлинскиот процес и иницијативата Отворен Балкан. На Самитот на Отворен Балкан бев домаќин оваа среда во Охрид заедно со претседателот Вучиќ и премиерот Рама, а се приклучија и премиерот Абазовиќ и претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина Тегелтија. И покрај тоа што се разновидни по својот состав и содржина, сепак, сите овие иницијативи се стремат да ни овозможат поголем економски раст што е клучен предуслов за стабилност и просперитет. Отворен Балкан ни обезбеди платформа да разговараме меѓу себе, форум за да се договориме за заеднички проекти и средства за дејствување за подобрување на нашата заедничка иднина. Отворен Балкан е практична имплементација на 4-те слободи на ЕУ и ние силно веруваме дека отстранувањето на бариерите што го ограничуваат регионалното слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги има голем потенцијал за економски заживување на регионот и за понатамошна подготовка за идна интеграција во заедничкиот внатрешен пазар на ЕУ. Отворен Балкан е одлична иницијатива но не е, не се стреми да биде, ниту може да биде алтернатива на ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски своето обраќање го заврши со важноста за нашиот пат за пристапување во ЕУ и ја потврди европската визија и перспектива. Ковачевски подвлече дека поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Северна Македонија и Албанија губат драгоцено време, а тоа значи и зајакнување на интересот на трети страни во регионот.

„Нема поголема и поефикасна одлука за зајакнување на стабилноста на регионот на Југоисточна Европа од отворањето на процесот на пристапување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија овој јуни под француското претседателство без никакво натамошно одлагање. Морам да истакнам дека интеграцијата во ЕУ е една од главните стратешки цели на Северна Македонија, ние сме целосно посветени на интегративниот процес. Нашето законодавство е околу 45% усогласено со законодавството на ЕУ. Покажавме дека сме доверлив партнер и бараме и работиме неуморно на решенија кои ќе го укинат ветото што го кочи процесот на проширување на ЕУ. Ние сме должни како Влада да најдеме брзо, но не избрзано решение кое ќе го чува нашиот идентитет и јазик и ќе се заснова на европските вредности, имајќи го предвид достоинството на нашите граѓани. Постојано покажуваме дека Северна Македонија е земја на пријателство и соживот, преку примерот на нашата функционална демократија. Ова се нашите автентични карактеристики. Така светот не препознава денес. Градиме пријателства. Посветени сме на изнаоѓање заемно прифатливи решенија. Во тој дух и на тој начин, Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ. И додека навлегуваме во четвртиот месец од војната во Украина, сега сите можеме да се согласиме дека проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија не е само прашање на проширување, туку пред се е прашање на заеднички стратегиски ангажман и безбедносно прашање. Интеграцијата во овој нов контекст значи заедничка заложба за градење силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократските и цивилизациски вредности“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за соработката и гостопримството на премиерот Мицотакис како и за неговите заложби за силното и стабилно лидерство со ПСИЈЕ во рамки на утврдените приоритети.

 

Next Post

Регистрирани се 65 нови позитивни случаи

EVN

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец на конференцијата на ЦИВИЛ - Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата, 12 декември 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Забрчанец: Без силни демократски медиуми, општеството станува лесна мета за пропаганда

January 17, 2026

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk