ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Во украинското општество може да бидат само оние кои ја бранат нашата независност

June 10, 2022 13:22
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во украинското општество може да бидат само оние кои ја бранат нашата независност и оние кои работат на обезбедување на оваа заштита – рече во обраќањето претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во продолжение, го пренесуваме говорот интегрално.

Украинци! Украинки!

Сите наши бранители и бранителки!

Неодамна го завршив разговорот со францускиот Претседател Емануел Макрон. Зборувавме пред се за одбранбената поддршка. Се разбира, ова е клучна тема. Го информирав Емануел за состојбата на фронтот, за можниот развој на спротивставувањето во наредните денови и недели, за намерите на руските окупатори и за нашето противење.

Се разбира, детално зборувавме за европската перспектива на Украина. Се подготвуваме за одговорот на нашето барање за стекнување статус на земја кандидат.

Ги дискутиравме и прашањата за безбедносните гаранции за Украина и за цела Европа. Благодарен сум што разговаравме на оваа тема со Претседателот на Франција. Продолжуваме да работиме.

Денес разговарав и со Премиерот на Црна Гора за патот на нашите земји кон Европската Унија. Всушност, разменивме искуства.

Продолжуваме да работиме многу активно во сите земји на Европската унија на дневна основа, за ситуацијата во однос на кандидатурата за нашата земја да биде подеднакво согледана таму – на западот, на истокот, на северот и на југот на Европската Унија.

Повеќето Европејци ја поддржуваат интеграцијата на Украина. И ако Европејците го поддржат, тогаш политичарите кои се уште се скептични во некои земји не треба да се спротивставуваат на луѓето, општеството и самиот тек на европската историја.

Се обратив пред учесниците на министерскиот состанок на Организацијата за економска соработка и развој. Тоа е една од највлијателните меѓународни организации во светот. Тие ги прекинаа врските со Русија. Но, потребни се и суштински решенија – потребен ни е конкретен притисок врз Русија за она што го прави, вклучително и за кризата што ја предизвика на светскиот пазар на храна.

Денес одржав многу важна средба со владини претставници. Економија, бизнис, работни места. Разговаравме за дејствијата на три нивоа – што треба да се направи во моментов, што можеме да направиме во блиска иднина, без разлика колку е тешко, и што задолжително ќе направиме по војната.

Прво – програма за специјални грантови за поддршка на малите и средни бизниси. Тоа веќе сега може да обезбеди нови работни места и нова даночна основа.

Второ – развој на нашиот безбедносен сектор во сите негови аспекти. И сега и во иднина. Прашање е и на работни места, прашање на професионализам, на производствена способност. Безбедносниот сектор во Украина мора да биде сосема поинаков отколку што беше сите овие 30 години. Од државната граница до секоја улица, до секое училиште, до секој инфраструктурен објект – безбедноста мора да биде сто процентна.

И трето – индустриско закрепнување и привлекување инвестиции во државата. Локализација, индустриски паркови, поддршка на државниот поредок, привлекување модерни технологии во Украина. Се подготвуваат соодветни државни програми.

Во Украина сега има многу дискусии за тоа каква треба да биде економската политика на државата и за време на војната и тогаш кога ќе го вратиме мирот. Сакам да нагласам еден детал. И овој детал е фундаментален. Мора да се навикнеме на фактот дека може да има само два дела од општеството – оние кои ја бранат нашата независност и оние кои работат на обезбедување на таа заштита. И ова не е прашање на една или друга економска доктрина, не е прашање на една или друга политичка позиција. Едноставно не можеме да си дозволиме да го оставиме делот од сенка на економскиот живот во земјава.

Се разбира, разбирам дека во некои од нашите региони сега, секоја економска активност – формална или неформална – е прашање на само опстанок. Но, ако зборуваме за нормален, стабилен и силен живот на општеството, за работата на државата, за нашата одбрана, мора да разбереме: има такви кои служат, а има и такви кои со својата работа ги обезбедуваат на оние што служат.

Значи, ова е официјално вработување. Ова е плаќање на даноци. Ова е максимално проширување на економските можности во нашата држава по законски основи. И ова е целосна модернизација на државните институции.

Секој кој работи во украинската политика, кој влијае на јавната дебата, треба да сфатат дека повеќе нема да има сенка во земјата.

Благодарен сум им на нашите комуникатори, кои денес буквално за еден ден го обновија телевизиското емитување во Харкив по утринското гранатирање. Напаѓање на ТВ центри, уништување канали за комуникација, оставање на луѓето во изолација – ова е тактиката на окупаторите, без која тие навистина не можат. Затоа што отвореноста и чесноста се исто така оружје против се што носи руската држава.

Фронтална ситуација за денот – без значителни промени. Северодонецк, Лисичанск и другите градови во Донбас, кои окупаторите сега ги сметаат за клучни цели, се држат. Имаме одредена позитива во Запорижската, каде што успешно ги кршиме плановите на окупаторите. Постепено одиме напред во Харкивската област, ослободувајќи ја нашата земја. Ја одржуваме одбраната во правец на Миколајив.

Благодарен сум им на сите наши бранители, на сите бранителки кои го овозможија ова. Благодарение на кои издржавме веќе 106 дена војна од големи размери.

Вечна слава на сите кои застанаа во одбрана на нашата држава!

Вечен спомен на сите загинати за Украина!

Слава на Украина!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk