ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Кредибилитетот на ЕУ е во прашање, ветувањето за отпочнување на преговорите ЕУ треба да го исполни без одлагање

June 11, 2022 12:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, ги предводеа делегациите на двете земји на билатералната средба којашто во рамките на официјалната посета на нашата земја на германскиот владин врв, денеска се одржа во Владата на Северна Македонија. Ковачевски во своето обраќање на билатералната средба на двете делегации истакна дека односите меѓу двете земји се исклучително позитивни, како на политички, така и на економски план и без ниту едно отворено прашање.

Како посебно значаен Ковачевски го нагласи континуитетот на поддршката на СР Германија во остварувањето на стратешката ориентација на Северна Македонија за членство во Европската Унија. Премиерот Ковачевски изрази благодарност за поддршката од страна на СР Германија која резултираше со членството во НАТО за Северна Македонија.

Во однос на економската соработка и трговската размена беше истакнат постојаниот нагорен тренд во изминатите 29 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, како резултат и на германските директни инвестиции во Северна Македонија со што СР Германија се вбројува меѓу шесте најголеми инвеститори во земјата.

Канцеларот Шолц и во оваа пригода го повтори силниот ангажман на СР Германија во поддршката за Северна Македонија за почеток на преговорите и изрази жалење што ветувањата на ЕУ досега не се исполнети. Канцеларот потенцираше дека е важно за кредибилитетот на ЕУ да се исполнат ветувањата што ѝ беа дадени на Република Северна Македонија.

Шолц дополни дека мора да се најде модус веднаш да се одржи првата меѓувладина конферецнија за официјално започнување на преговорите и истакна дека СР Германија ќе се заложи тоа да е чекорот што треба да биде преземен во јуни.

Канцеларот Шолц на билатералниот состанок на двете делегации најави ревитализација на Берлинскиот процес како поддршка за земјите од Западен Балкан да продолжат со реформите и да го забрзаат процесот на пристапните преговори за побрзо членство во ЕУ.

На средбата, покрај премиерот Ковачевски, учествуваа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик-претседателката за добро владеење Славица Грковска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Next Post

Дајмел: Бугарското вето му се заканува на целиот европски проект на Балканот

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk