ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Се собраа веќе 2.606 потврдни одговори на прашањето дали на Украина ѝ се потребни модерни системи за противракетна одбрана

June 13, 2022 12:15
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се собраа веќе 2.606 потврдни одговори на прашањето дали на Украина ѝ се потребни модерни системи за противракетна одбрана – рече во обраќањето претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Украинци! Украинки!

Сите наши бранители и бранителки!

Десет лица се уште се во болници по ракетниот напад во Тернопилската област. Немаше никаква тактичка или стратешка смисла во овој удар, како и во огромното мнозинство на други руски напади. Ова е терор, само терор.

Меѓу жртвите е и 12-годишно девојче од Харкив. Таа отиде во Тернопилската област за да избега од руската војска. А таквите факти сега ќе ја одредат перцепцијата за Русија во светот. Не Петар I или Лав Толстој, туку деца ранети и убиени од руски удари.

Денес е веќе 109-тиот ден од војната од големи размери, но далеку од 109-от ден кога на нашите партнери им кажуваме едноставна работа: на Украина ѝ требаат модерни системи за противракетна одбрана. Снабдувањето со вакви системи беше можно и годинава, и лани, па и порано. Дали ги добивме? Не. Дали ни се потребни? Да. На ова прашање веќе има 2.606 потврдни одговори во форма на разни руски крстосувачки ракети кои ги погодија украинските градови. Во нашите градови, во нашите села за периодот од 24 февруари. Тоа се животи кои можеа да се спасат, тоа се трагедии кои можеа да се спречат доколку ја слушаа Украина.

Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета. Тие притискаат во Северодонецк, каде што се водат многу жестоки борби – буквално за секој метар. И, исто така, притискаат во насока на Лисичанск, Бахмут, Славјанск и така натаму.

Руската армија се обидува да распореди резервни сили во Донбас. Но, какви резерви можат да имаат сега? Се чини дека ќе се обидат да ги фрлат во битка слабо обучените регрути и оние што беа собрани со прикриена мобилизација. Руските генерали го гледаат својот народ едноставно како топовско месо кое им е потребно за да добијат предност во бројка – во работна сила, во воена опрема. А тоа значи само едно: Русија може да ја премине границата на 40.000 изгубени војници уште во јуни. Во ниедна друга војна во многу децении не изгубиле толку многу.

Подготвив обраќање до Американскиот еврејски комитет. Во Њујорк денес почна глобален форум организиран од комитетот. Ова е една од највлијателните структури што помага да се промовираат решенија за нашата заштита.

Ги повикав да ги удвојат напорите за да добиеме помодерно оружје, поголема финансиска поддршка за нашата држава, за да можеме побрзо да ја завршиме оваа војна.

Оваа недела ќе продолжам да се обраќам пред парламентите на земјите партнери, вклучително пред парламентот на Чешката Република.

Предвидени се и многу разговори на различни нивоа со европски политичари.

Секојдневно работиме со Европската Унија на кандидатскиот статус за Украина, а нашата држава направи се за позитивен одговор. Единственото прашање е одлучноста на некои европски лидери.

Ќе продолжиме да работиме за да го олесниме пристапот на украинските производи до сите важни пазари ширум светот. Царините за трговија со Европската унија веќе се укинати. САД веќе применуваат бесцарински режим за украинскиот челик. Канада ги укина царините. Истиот режим ќе функционира во блиска иднина и со Британија. Очекуваме трговска либерализација од Австралија.

Денес почна Министерската конференција на Светската трговска организација. Пред да започне, претставници на 57 земји се собраа на посебен настан на солидарност со Украина, и јас сум им благодарен – на секој и на секоја – за тоа. А како резултат на оваа меѓувладина конференција, ќе го дознаеме, вклучително, времето на одлуката за олеснување на трговијата за Украина од Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд.

Така што неделата ќе биде сериозна. И верувам дека ќе има добри вести за Украина.

Им благодарам многу на сите кои ја бранат нашата држава!

Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина!

Слава на Украина!“, рече Зеленски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk