ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Се случува вештачко зголемување на цените, во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер

June 14, 2022 10:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние не го нарековме ова воена економија, туку рековме дека сме во тешка економска сотуација затоа што сме извозно и увозно зависна земја. Ако ова може да им се случува на Франција или Германија, не може да се очекува кризата да ја одмине Македонија како мала економија. Војната во Украина сѐ уште трае и не се знае кога ќе престане. Кризата со гасот кулминира“, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања за Утрински брифинг.

Во однос на наглото зголемување на цените по завршувањето на мораториумот наложен од Владата за оснвните прехранбени производи, Битиќи вели дека по неговата изјава во јавноста дека се случува неоправдано, вештачко зголемување на цените и откако инспекциите беа пуштени на терен, цените се вратија или стагнираат, па се чини дека помага покажувањето со прст на одреден факт и неморално однесување.

Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профители. Јас не влијаам и не интервенирам на слободниот пазар, но апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, – вели Битиќи.

Битиќи вели дека буџетската потрошувачка се планира среднорочно оти ни во време на криза не може да се планира од ден за ден.

За ребалансот на буџетот кој е веќе во собраниска процедура, опозицијата вели дека е задоцнет, но Битиќи вели дека ребалансот е нужен и сите мерки што се преземаат треба да бидат во функција на помош на граѓаните ти тие се оние кои го полнат буџетот. – Нека каже опозицијата каде има држава која сама си го полни буџетот. Јас никогаш не сум слушнал за такво нешто, вели Битиќи.

За поскапувањето на месото при што пилешкото и говедското се поскапени драстично за разлика од свинското, Битиќи вели дека причината за тоа е што свинското месо е од домашно производство, а има и дозволи за увоз па пазарот е презаситен. Тој вели дека постои и разлика во типот на исхрана на животните која за пилињата е поскапа, па оттука пилешкото месо е повеќе поскапено.

Притисокот врз буџЕтот е голем. Исто како и за време на ковид пандемијата. Првите пакети мерки беа за сите, а потоа за најранливите категории граѓани и компании. Така ќе биде и сега, вели Битиќи за најавените мерки за помош кои би требало да почнат да се применуваат од август.

Во однос на најавите дека струјата во јануари речиси ќе се удвои, а во пресрет на новиот тарифен модел на наплата на струјата, Битиќи вели дека рамноправно трошење на субвенционирана електрична енергија мора да има.

Вие знаете дека 17 семејства во државата трошат 30 отсто од струјата наменета за домаќинствата. И тоа не е фер, вели Битиќи.

За државната задолженост Битиќи вели дека не треба да има грижа сѐ додека задолжувањата се продуктивни.

Продуктивно задолжување не е само да се позајми за да се изгради пат, туку и да се спасат семејства и мали семејни бизниси, вели Битиќи.

 

Next Post

„Политико“: Европската комисија ќе препорача кандидатски статус за Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk