Македонската актерка Дарја Ризова е добитничка на наградата за најдобра актерка во улогата на Маша, во претставата „Нема да биде крај на светот“ на деветтото издание на Фестивал на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина, информира Македонски народен театар.
Директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ истакна дека радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која ги избира најдобриот актер и актерка.
Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика.
За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.