ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АСО: Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10 проценти

June 16, 2022 10:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180 отсто  има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80 проценти, информира Агенцијата  за супервизија на осигурување (АСО).

Вложувањата во неживотно осигурување достигнаа 2,5 милијарди денари или 40,5 милиони евра во првите три месеци годинава. Осигурителниот пазар за неживотно осигурување порасна за 10 отсто (3,5 мил.евра) во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани.

Официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) покажуваат и дека во првите три месеци годинава се склучени речиси 307.000 договори за неживотно осигурување и тоа е за 11 отсто повеќе од истиот период лани.

Во осигурување имот за овој период осигуреници вложиле 555,6 милиони денари (9 мил.евра) и тоа е за 5 отсто помалку во однос на истиот период 2021 година. И покрај малиот пад осигурувањето имот останува најголемата т.е. најпродавана класа на доброволно осигурување.

-Приватното здравствено осигурување и во пост-ковид периодот продолжува да биде најпопуларно осигурување според растот на вложувањата. За првите три месеци годинава десет осигурителните компании за неживотно осигурување склучиле речиси 8.000 договори за приватно здравствено осигурување. Осигурениците во овој период во ова осигурување вложиле 225 милиони денари или 3,7 милиони евра, што е за 81 отсто повеќе од истиот период лани, велат од АСО.

Најекспанзивен раст на вложувања има во класата осигурување кредити. Официјалните податоци покажуваат дека осигуреници вложиле 121.000 евра за три месеци и тоа е за 180 отсто повеќе од вложувањата во овој производ истиот период лани. Ова осигурување на пазарот, нагласуваат од АСО, го продаваат пет осигурителни компании, а за три месеци се склучени речиси 1.000 договори за осигурување.

Значаен раст, со укинување на анти-ковид мерките, има и кај патничкото осигурување. Во однос на лани продажбата на патничко осигурување во првите три месеци годинава порасна за 80 отсто. Во ова осигурување се вложени 30,3 милиони денари или 500.000 евра.

-Осигурувањето од автомобилска одговорност останува најголема класа. За првите три месеци склучени се речиси 176.000 договори за осигурување од кои над 32.000 се зелени карти за патување во странство. Вредноста на полисите за автомобилска одговорност, продадени во првите три месеци, надмина една милијарда денари (17 мил.евра) и бележи раст од 5 отсто во однос на лани, покажуваат податоците од АСО.

Агенцијата за супервизија на осигурување е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението. /MИА/.

Next Post
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Министерката Тренчевска ќе учествува на министерска конференција во Рим

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk