Активистот Гоце Маркоски во објава на Фејсбук, вели дека има два начини како да се дојде до мир во Украина.
- Да му се удоволи на диктаторот од Кремљ и да му се дадат територии од Украина за да си ги задоволи болните амбиции да биде како Петар Велики. Тоа ќе предизвика максимална милитаризација во светот и секогаш помалите држави ќе живеат во страв дека ќе бидат нападнати и ќе им биде одземена територија. Воедно ќе се испрати порака дека војувањето се исплати.
- Да и се помогне да Украина на секаков можен начин да ги победи руските окупатори. Тоа не е невозможно, ако се земе во предвид дека првичните планови на лудакот за освојување на Киев пропаднаа, па сеа уште треба да се победат во Донбас, каде долги години финансираат платеници кои работат за негови интереси.
Маркоски вели секој што сака похуман и побезбеден свет треба се залага за победа на Украина и одбрана на нејзиниот суверенитет.
„Сега е кристално јасно зошто Русија не сака да има членки на НАТО до нејзините граници.
Како инаку ќе ги шири своите болни експанзионистички политики и ќе приграбува територии од помалите држави?!“, истакнува во објавата Маркоски.