ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Нема никакво „распаѓање на Македонија“, ниту „создавање на Етничка Албанија“

June 20, 2022 08:43
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако двата најголеми државни извори на информации, кои се финансирани и ги промовираат официјалните политики на Кремљ низ светот, „Русија денес“ и „Спутник“ немаат директно присуство во земјава, некои од наративите преку кои Русија низ годините се обидуваше да влијае и да ги вметне во медиумската реторика на Западен Балкан сè уште кружат. Еден од нив е оној за креирање на „Етничка Албанија“, пишува Portalb.mk.

Анализата е на Vistinomer.mk.

Портал на „Фејсбук“ објави вест во која се тврди дека е дадена идеја за распаѓање на С. Македонија и создавање на она што, според нив, се нарекува Етничка Албанија.

Сега по изјавите на Зоран Заев не ни останува ништо друго освен да почнеме преговори со Албанците за поделба на Вардарска Македонија меѓу Албанија и Бугарија. Сите што пишуваат за Македонија знаат дека таа ќе биде поделена меѓу Албанија и Бугарија, но сите се преправаат дека не се запознаени со проблемот и чекаат некој друг да го реши, се вели во овој напис.

Руската агресија во Украина трае веќе неколку месеци и поради оваа причина Русија е многу заинтересирана преку пропаганда да поттикнува тензии во други земји со цел да го сврти вниманието, особено кон оние земји каде што има интерес – меѓу другите и кон земјите на Западен Блкан.

За ова, пред три месеци Европската унија одлучи да го прекине емитувањето на руските медиуми како „Russia Today“ (РТ) и „Спутник“, кои, според сите анализи, се главен извор на руските дезинформации и ширење на деструктивни идеи во регионот.

Во соопштението на Европскиот совет се вели: „Русија спроведува систематска меѓународна кампања на дезинформирање, искривувајќи ги фактите за соседните земји и се обидува да ги дестабилизира тие земји“

Повеќето вести кои имаат потенцијал да го вознемират регионот или повремено да предизвикаат тензии – без разлика дали во Босна, Србија или пошироко – главно се однесуваат на обиди зад кои стојат про-Кремљ медиуми, кои, свесно или несвесно шират лажни или пристрасни информации, чии автори се руски пропагандисти.

„Етничка Албанија“, еден од руските наративи за влијание на Западен Балкан

Студијата  „Руски наративи на Западен Балкан“ објавена од Центарот за стратешки комуникации на НАТО (STRATCOM) идентификува некои руски наративи во медиумите од Западен Балкан. Истражувањето се заснова на медиумски извештаи во 2018 година, повикувајќи се на српското издание на руската државна новинска агенција „Спутник“.

Како што е наведено погоре, веб-страницата Спутник, спонзорирана од Кремљ, е препознаена како еден од главните канали на руското влијание на Западен Балкан. (Прочитај ја студијата ОВДЕ)

Меѓу другото, беа идентификувани најчестите наративи кои ги дава овој медиум, за шесте земји од Западен Балкан и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Исто така и за Европската Унија (ЕУ) и НАТО.

Иако ова истражување на Центарот за стратешки комуникации на НАТО (STRATCOM) е направено во 2018 година, денес се забележува дека истите наративи се сè уште актуелни и многу присутни во медиумскиот простор. Еден од нив е и во веста што ја рецензираме.

Истражувачите открија дека веста што ја содржи идејата за „создавање етничка Албанија“ е еден од наративите пронајдени во неколку публикации на Спутник, особено во Северна Македонија, за да се зајакне впечатокот за несигурност и кревок мир или нестабилност.

Преку овој наратив, покрај обидот да се прикаже нереална слика, руските пропагандисти по секоја цена сакаат да поттикнат тензии меѓу народите од Западен Балкан.

Дополнително, бидејќи трите земји наведени во овој наратив се полноправни членки на НАТО, руските пропагандисти се обидоа да ги убедат читателите дека НАТО сè уште не е способен да ги брани границите на своите земји-членки и дека не треба да се надеваат на тоа.

Оваа „вест“ ги има сите елементи на пропаганда

Под пропаганда се подразбираат информации или пакети информации кои не се објективни и се користат за да се влијае на размислувањето или однесувањето на луѓето за исполнување на некоја агенда (политичка, корпоративна итн.). Пропагандата обично користи емотивна, а не рационална порака. Постојат многу видови и подвидови на пропаганда, но вообичаено станува збор за политичка, верска и комерцијална пропаганда.

Затоа, со ширењето на идејата за „Етничка Албанија“, очигледно емоциите на граѓаните се ставаат во функција, бидејќи оние кои шират пропаганда знаат каде е стравот, гневот или надежите на нивните целни групи и удираат токму таму. Така, тие го „блокираат“ рационалното размислување кај граѓаните и последователно го спречуваат прифаќањето на овие информации во критичка форма.

Една од техниките на пропагандата е и да се повикуваат на авторитетот, односно да се цитира личност со авторитет за да ја поддржи нивната идеја за да даде тежина на истата. Во оваа вест се споменува и името на поранешниот премиер Зоран Заев, кој е погрешно цитиран, односно Заев никогаш не ја поддржал идејата за Етничка Албанија.

Другата пропагандна техника што се користи во оваа вест е тоа што идејата се сервира како таа веќе да е поддржана од масите, а не е претставена студија што би го докажала тоа. Пропагандистите честопати инсинуираат дека повеќето луѓе ја поддржуваат идејата што ја туркаат напред.

Инаку, некои од другите наративи што ги користат руските пропагандисти за да отстварат влијание врз Западниот Балкан се следните: „Западен Балкан е нестабилен“, „Европската унија е хегемон“, „Земјите од Западниот Балкан се слаби, неспособни и корумпирани“. „ЕУ/НАТО се слаби и не се обединети“, а НАТО е „агресивен и провокативен“.

Извор: Vistinomer.mk

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk