ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски учествуваше на 6. Состанок на одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИСГ)

June 20, 2022 16:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска онлајн учествуваше на 6. Состанок на одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИСГ) што се одржува во Сараево во хибриден формат.

Како што се наведува во соопштението од МВР, во фокусот на состанокот беше дискусијата и усвојувањете, односно одобрувањето на првото двегодишно мапирање на потреби за трите столба 2021-2022, трите методологии на ИИСГ (мапирање потреби, мапирање одговори, база на податоци, Годишниот план за работа на ИИСГ, нови членови на ИИСГ и Потврдата за продолжување на мандатот на шефот на Секретаријатот на ИИСГ.

Сесијата ја отвори претседавачот на состанокот, в.д. генералниот директор за соседни и преговори за проширување на Европска Комисија, Мачеј Поповски, а свое обраќање имаа и Оливие Ониди, заменик генерален директор за безбедност при Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската Комисија, како и Тања Мишчевиќ, заменик генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека како член на Одборот на ИИСГ, е дел од овој форум од самиот негов зачеток и предвид ја имал целата негова еволуција и постигнувања, развој и проектирање, почнувајќи првично од проширувањето на областите во кои таа ќе дејствува, а потоа и изготвените планови за акција, ревизијата и реформата.

– Во оваа насока, навистина ми е драго што денес го гледаме конкретниот резултат на сите тие превирања и пред сé посветена работа на сите инволвирани страни – Секретаријатот на ИИСГ, претставниците од нашите институции, па и стратешките партнери и Европската комисија. Извештајот за мапирање на потреби за секоја земја индивидуално, но и регионалниот преглед ја одразуваат моменталната ситуација во однос на предизвиците со кои се соочуваат нашите служби во справувањето со тероризмот, организираниот криминал и одржувањето на граничната безбедност, потенцира министерот Спасовски.

Тој истакна дека свесноста за меѓусебните потреби и внатре и надвор од регионот на Западен Балкан првенствено ќе го зголеми во државата, но и меѓународното разбирање за тоа како потребите односно приоритетите на еден од нас влијаат на другиот.

Постоењето на регионален преглед на приоритети и одговор на истите односно проекти и активности кои се спроведуваат заради задоволување на тие потреби, само по себе ќе наложува координација помеѓу меѓународните партнери и донатори. Со самото тоа, иницијативата на еден координиран и функционално интегриран начин не само што ќе ги комбинира регионалните капацитети во дизајнирање на заеднички пристап, туку ќе ги интегрира и релевантните регионални или други инструменти и алатки за да се подобри нивната функционалност и долгорочна стабилност, подвлече министерот Спасовски.

Тој упати благодарност до Секретаријатот на ИИСГ за несебичното работење и за постигнатото, но и на Европската Комисија за поддршката на целиот процес и дека Министерството за внатрешни работи ќе остане активен подржувач на оваа Иницијативата./МИА/

Next Post

Ковачевски: Ставот на Владата за преговарачката рамка е билатералните прашања да се решаваат билатерално

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk