ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земјоделците бараат од 20 до 22 денари за килограм пченица и да нема нови цени на лебот среде откуп

Доколку среде откуп се зголеми цената на лебот, ќе се бара и повисока цена, велат земјоделците.

June 27, 2022 20:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На прагот на жетвата на лебното зрно, Асоцијацијата на земјоделците на Македонија од откупувачите бара цена од 20 до 22 денари за килограм, а доколку среде откуп сакаат да се зголеми цената на лебот, ќе се бара и повисока цена. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ветуваат дополнителни субвенции за есенската сеидба.

Ова од Асоцијацијата го истакнаа на средба вечерва на земјоделците од Пелагониско со министерот за земјоделство Љупчо Николовски одржана во Долненско.

Според Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија разговорите со откупувачите за цената не се почнати.

– Наше барање е дополнителна субвенција за есенската сеидба. Верувам дека ќе најдеме решение и за зелената нафта. Што се однесува до откупната цена на пченицата, исплатлива цена е од 20 до 22 денари за килограм. На пример, ако од еден килограм брашно се произведувата три векни леб или според цената од 40 денари по векна, изнесува 120 денари. Секогаш оди по една третина за една страна. Млинарите, односно откупувачите и производителите на леб да не сфатат посериозно како земјоделци. Бараме од нив да добиеме авансно плаќање на пченицата. Средствата ни се потребни за вештачки ѓубрива, за нафта. Ако инсистираат со уште недооткупена пченица да ја зголемат цената на лебот, тогаш ние ќе останеме на ставот да добиеме една третина од целосната цена на брашното, а тоа се 40 денари. Се уште немаме разговори за цената на пченицата, реалната цена е 20 до 22 денари за килограм откупена пченица. А таа цена ќе зависи од продажната цена на лебот. Ако сакаат да ја зголемат, тоа го прават од нашето производство, изјави Стојкоски.

Министерот Николовски вели дека годинава се очекува прооизводство на ниво на ланското, преку 255 000 тони пченица. Со националната програма за производство на храна се прееземаат сите мерки да се стимулира домашното производство. Нема место за паники, нагласува, а за количествата што ќе се купат за стоковите резерви зависи од ребалансот на буџетот.

– Нашите проценки се дека ќе имаме над 255 000 тони пченица. Тоа е просекот и од лани за 73 000 хектари. Сметам дека поголем дел од потребите задоволуваме, треба да се фокусираме на квалитетот. Очекуваме високи откупни цени поради растот на трошоците и сметаме дека мора да се обезбеди доволно жито за домашните потреби. Тоа се пораките кои ги праќаме и до трговците и до откупувачите. Токму затоа е националниот фонд и интервентниот фонд преку кој доделуваме 50 насто за зелена нафта, 40 насто за поддршка за набавка на вештачки ѓубрива што ќе продолжи како поддршка и во есенската сеидба. Со националниот план целта ни е да станеме што помалку увозно зависни за стратегијските култури и да го зголемиме и да го одржиме домашното производство. Будно ќе ја следиме жетвата на пченицата која ќе почне деновиве. За домашните резерви на пченица, ќе бидат дадени насоки во наредниот период. Откупот за државните резерви зависи од ребалансот на буџетот со кој се предвидени дополнителни 4 милиона евра. Затоа повикуваме ребалансот да биде усвоен за да може да се отворат инструментите за набавка на стоковите резерви, за да може да се исплатат штетите од невремето, субвенциите, за да воведеме авансна сиплата на субвенциите во висина од 30 насто, за да го продолжиме новиот интервентен фонд за набавка на зелена нафта, вештачки ѓубрива. Овој ребаланс направивме да биде за производство на храна за домашните потреби, изјави Николовски./МИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Најмалку 10 загинати и 40 повредени при руски напад врз трговски центар во Кременчук

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk