ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата

June 30, 2022 17:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Владата на Република Србија соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени Уредбата за ограничување на цената на основните прехранбени производи и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати – кој се продолжува до 31 јули. Донесена е и Одлуката за привремено намалување на акцизите на нафтените деривати – оловен бензин, безоловен бензин и гасни масла за 20 отсто, а воведена е и привремена забрана за извоз на еуро дизел EN 590, јави дописникот на МИА од Белград.

Владата на Република Србија соопшти дека на денешната седница ја усвоила Уредбата за ограничување на цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити пазарот и да се спречат деформации во формирањето на цените на стоките, кои се од исклучително значење за снабдување на потрошувачите, особено на сиромашните социјални категории.

Оваа регулатива ги ограничува цените, како производствени така и во трговијата на големо и мало, за брашно од типот Т-400 мазно, во пакувања до пет килограми, вклучително и пет килограми, брашно од типот Т-500 во пакувања до пет килограми, вклучително и пет килограми, сончогледово масло за јадење во пакување од еден литар и свинско месо – бедро, со цел да не го надминат ценовното ниво од 15.11.2021 година.

Исто така, пропишана е максималната малопродажна цена на UHT млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар, максималната маржа што трговците можат да ја наплатат, како и максималните малопродажни и производствени цени на бел кристален шеќер по килограм.

Уредбата е донесена со оглед дека цените на суровините и инпутите на производителите се се уште на високо ниво, а состојбата на берзите во Србија и регионот се уште е недоволно предвидлива. Затоа, неопходно е да се продолжи со примена на мерката за ограничување на цените на овие производи, соопштија од Владата.

На денешната седница беше донесена Одлуката за времено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението со која се утврдува количината на масло од сончоглед во малопродажни пакувања за кои е дозволен извоз на месечно ниво.

Одлуката е донесена имајќи предвид дека е неопходно да се овозможи реализација на склучените договори, со цел да се зачува традиционалниот пазар, а притоа се водело сметка за снабденоста на домашниот пазар.

На седницата е усвоена и Уредбата за привремена мерка за ограничување на цената на гасот и за надоместување на разликите во цената на природниот гас набавен од увоз или произведен во Србија во случај на нарушувања на пазарот на природен гас.

Владата донесе и изменета Уредба за ограничување на цената на нафтените деривати, со која ограничувањето се продолжува до 31 јули годинава.

Со оглед на глобалното нарушување на пазарот на нафтени деривати и енергетската криза во светот, Владата донесе Одлука за привремена забрана за извоз на еуродизел EN 590 со цел да се спречи недостиг и да се обезбеди сигурно снабдување на пазарот со овој дериват.

Поради порастот на продажните цени на нафтените деривати во претходниот период, а со цел зачувување на макроекономската стабилност и стандардите на граѓаните и непреченото снабдување на пазарот со нафтени деривати, донесена е одлука за привремено намалување на акцизите на нафтените деривати – оловен бензин, безоловен бензин и гасни масла за 20 отсто.

Оваа одлука ќе се применува од 1 јули 2022 година и завршува на 31 јули 2022 година.

Next Post

Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk