ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Математичкиот гениј Или Морина доби целосна стипендија за своето образование да го продолжи во интернационално училиште

July 1, 2022 11:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Или Морина, 13 годишниот математички гениј од скопската населба Шуто Оризари, кој скоро секој момент го поминува решавајќи задачи по математика и физика и подучува студенти од земајва и од странство, а чија сторија ја објави Мета.мк во 36-тата епизода на „Шорткат“, доби целосна стипендија за да може своето образование да го продолжи во интернационално училиште.

„Maarif International Schools обезбедува можности за стипендија за талентирани ученици. 13 годишниот гениј по математика, Или Морина, доби 100% стипендија од страна на нашето училиште. Или учебната 2022/2023 година ќе ја помине на скопскиот кампус. Му посакуваме многу успех и високи достигнувања во следните подвизи“, соопштија од училиштето.

Или на почетокот на овој месец имаше средба со претставникот на Фондацијата Маариф, Мехмет Баран на која ја раскажа својата приказна околу неговиот успех во математиката и изрази желба своето образование да го продолжи во Турција.

По сторијата на Мета.мк, Или се сретна и со претседателот Стево Пендаровски, а и со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тие разговараа за потребата од поддршката за младите таленти и потребата од реформи во образованието кои ќе овозможат напредок на талентираните ученици. Или раскажа како во недостаток на соодветно адаптирана настава и книги според неговите потреби и талент, знаењето морал да го надополнува на интернет следејќи професори од странство, а потоа наученото почнал да го споделува и на својот Јутјуб канал.

Next Post

Со настап на бугарски музичари вечерва завршува првиот дел на КРИК 07 – фестивал за критичка култура

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk