ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска : Градење на систем кој што гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор е решение на долг рок

July 1, 2022 21:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„0д 2017 година наваму социјалниот дијалог е еден од приоритетите на Владата и секоја политика која што го допира правото од работен однос мора да помине низ дијалог.  Сведоци сме дека во минатото голем број на политики кои што го допираат правото од работен однос се носеа надвор од социјален дијалог и од сослушување на работодавачите и работниците за кого овие политики се наменети,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Токму затоа, рече Тренчевска,  и на први мај со вицепремиерот Битиќи и пред Сојузот на синдикати во рамки на генералниот штрајк кои беа пред МТСП излегов да ги поздравам и да кажам дека социјалниот дијалог продолжува и ја потенцирав важноста од градење на систем кој што гарантира постојан раст на платите. Носењето  на нов закон за платите во јавниот сектор  значи и нова методологија и нов општ колективен договор каде што ќе доуредиме и дополнителни права на вработените во јавниот сектор. Министерката информираше дека,  платите во јавниот сектор ќе ја следат инфлацијата и зголемувањето на просечната плата.

Таа се осврна и на растот на минималната плата, која од 2017 година до денес е двојно зголемена. Во врска со останатите прашања кои се во насока на унапредување на работничките права, министерката го посочи, регресот за годишен одмор К-15 до крајот на 2022 година.

На прашањето во врска со растот на цените и мерките кои ги презема Владата во насока на заштита на граѓаните, министерката посочи дека во време на глобална криза, која ги зафати и силните економии, Владата како одговор на кризата донесе пакети мерки за поддршка на најранливите категории граѓани , и поддршка на стопанството.

„26 мерки Владата ги донесе на почетокот на годината со која што го ублажи притисокот на економската и енергетската криза,  субвенциониравме 80% од сметките за електрична  енергија на домаќинствата, донесовме мерки со кој што дадовме дополнителни средства на пензионерите, донесовме измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување за усогласување на пензиите со трошоците на живот и со растот на просечната плата. Во септември пензионерите ќе го добијат ова усогласување и ќе биде одлично покачување и дополнителен буџет во семејството,“  рече Тренчевска.

Таа се осврна и на новиот пакет мерки кои заедно со Министерството за финансии се креираат, со оглед на прогнозите дека зимата ќе биде тешка на глобално ниво, а со цел е да се излезе во пресрет на граѓаните кои се во  социјален ризик. Мерки ќе има и за реалниот сектор, кои што ќе придонесат да се ублажи ударот од сите предизвици со кои што како држава се соочуваме.

Министерката истакна дека министерството со ребалансот на буџетот има зголемување од 31 милиони денари, нови дополнителни средства за капитални инвестиции во детската заштита.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk