Со цел транспарентно информирање на јавноста, како што инфортмираат владините служби, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство на следниот линк:
Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција, велат од Владата.
Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата, се наведува во соопштението.