ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Османи: Неприфаќањето на предлогот носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии

July 2, 2022 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал.

–Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР. 

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

-И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи. 

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

-Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи. /МИА/. 

Next Post

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk