ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За идентитецките работи во 21. век

July 3, 2022 17:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Васко Лазаревски

Васко Лазаревски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ

Што одредува нечија припадност? Што одредува нечиј идентитет? Си ја земам бељата да го пишувам ова на телефон, ама ме влече ѓаволот уште од сабајле.

По образование сум етнолог, но попрецизно, мојот интерес може според библиотечните каталози да се смести во културна антропологија. Мразам ригидни каталогизации, но сметам дека во библиотеките се полезни. Па, ете, си земам за право да пишам на темава на оваа платформа на која и онака, се е дозволено и сечија мисла може да допре до илјадници, ако не и до милиони (свесен сум дека 2/3 од читателите веќе скролнале со палецот нагоре, но вие што останавте, ви следи краток текст заснован, горе – долу, на наука)

До пред триесеттина години научниците дефинирале народ (идентитет) според традиционални параметри како запоседната територија, јазик, историја, религија, облека (носија), народни танци, заеднички обреди, верувања, заеднички митски предок и така натаму, дури и дрогата што ја сака одредена група (лозова ракија, шливовица, узо, виски, коњак, марихуана…). Но, тогаш почнало да доминира едно ново гледиште, еден нов дискурс како што велат учените, во кој се исфрлаат наведените параметри и се воведува еден (не нов, но супериорен до божествено ниво (непобитен) параметар – чувството на припадност.

Сега, го изгубив вниманието и посветеното време на 9/10 од публиката, но вие што останавте сé уште читате книги и ве интересираат аргументи. Не се кабаетлии другите кои веќе гледаат слики од софра во кафеана, такво е времето во кое живееме – концентрацијата трае на наслов и поднаслов, потоа се врти друа страница од списанието, се скрола со палецот на следната објава на социјалните мрежи.

Чувство на припадност.

Значи, ако некој, или некоја се чувствува како Македонец, или Македонка, нема потреба да ги содржи во својот живот претходно спомнатите параметри. Едноставно, не важат!

На пример, дедо ми ги соблекол бечвите уште пред Втората светска војна. Мајка ми, на сликите од свадбата е во (за тоа време, а богами и за сега) модерен фустан, со елаборирана фризура.

Да одиме понатаму, обичаите од циклусот животни обичаи се сменети прилично радикално. Кога почнале да се служат мекици за новороденче, во Самоилово време? Не би рекол!

Невестата на Крале Марко го фрлала бидермаерот качена на столица, додека Волкашин лепел пари на музиката? Тешко замисливо.

А и оние гозби на гробовите на починатите, кога се седи по цела ноќ, се јаде и се пие, ги има во Библијата? Скраја било и подалеку!

За историјата на некој народ… Дали да почнуваме со муабетот? Наполеон има кажано добра дефиниција, можете да ја најдете на Гугл ако пишете quotes Napoleon on history. Откако ќе го прочитате резултатот, запрашајте се дали вреди да му се верува и проверете уште некој извор. Повторно ќе имате простор за сомнеж.

Затоа, науката ги дисквалификувала тие горе спомнати параметри.

Дојдовме и до јазикот.

Јазикот. Нашата совршена татковина.

Тука има простор за дебата! Славко Јаневски кого ВМРО го лустрираше (раката да им се исуши на тие што се потпишаа на тоа предавство) е неприкосновен мајстор на македонскиот јазик. Ако не сте ја прочитале до сега, ви ја препорачувам топло Легионите на Свети Адофонис. Ќе уживате во јазикот! Читнете го и Матеја Матевски и Стале Попов и… Прекрасни филиграни на македонската поезија и проза.

Јазикот е нашата совршена татковина рекол Конески.

Сепак, колку Шкоти зборуваат на гаелик? Колку Ирци? Дали се помалку Шкоти, Ирци, Индијци, Филипинци оние кои не си го знаат мајчиниот јазик? Секако дека не се. Затоа што чувството на припадност кое го имаат, тоа внатре, што гори, тоа чувство им е недвојбено. Нивниот идентитет е одреден од тоа чувство. Во правото се вика: самоопределување.

Знам дека ова писание не е за на фејсбук, ниту треба да се пишува на мобилен телефон. Знам дека и вие што останавте, само ја чекате поентата и да преминете понатаму со палецот. А, поентата (ако воопшто има), ми е следната: сѐ додека има луѓе кои се чувствуваат како Македонци, опстанокот на народот македонски е обезбеден. НО, Македонците исто така живеат само во сегашноста и единствено битна може да им е иднината во која македонскиот народ ќе напредува, ќе брилјира, ќе придонесува и ќе се докажува себеси преку извонредност, научни и културни дострели кои ги надминуваат неговите рамки и бројност. Ако биде дел од светов. Ако носи нови вредности. Ако постојано и повторно и секогаш се преосмислува себеси за да опстане како жива идеја, која се стреми кон иднината.

Вие што издржавте до крај со читањето, да сте живи и здрави, да напредувате, да се радувате и да не заборавите: раатот е најбитен и нема друг идентитет што е побитен од тој кој самите ќе си го изберете.

Next Post

Ковачевски: Време е за мудри одлуки – предлогот ги инкорпорира нашите забелешки и има чист став за јазикот

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk