ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ-Сарацин: На маса имаме вистински компромис со заштитени македонски позиции

July 6, 2022 12:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

​Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ имаше средба со специјалниот пратеник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, по која одржаа заедничка прес-конференција.

-Сега, кога стигнавме до толку посакуваниот старт на преговори со Унијата, време е да го валоризиме нашиот труд и да ги запечатиме македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската европска и просперитетна иднина. На чекор сме од историска можност за отпочнување на преговорите, без дополнителни одлагања, со заштитен македонски јазик и македонскиот идентитет, без никакви додавки, рече вицепремиерот Маричиќ. Тој истакна дека ова е можност за ставање крај на лавиринтот во решавањето на отворените прашања со Бугарија и старт на долгоочекуваните преговори со Европската Унија, како и дека треба да се искористи оваа можност.

– Пред нас имаме европски предлог за отпочнување на преговорите со Унијата кој ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и со кој преговорите ќе започнат веднаш по неговото одобрување. Чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ, објасни Маричиќ.

Специјалниот претставник Сарацин истакна дека францускиот предлог го гледа како можност за отпочнување на преговорите со ЕУ, кој според него претставува широко отворена врата како што не била досега. Сарацин ја потврди посветеноста на Сојузната влада за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, а ова е значаен чекор кој е од интерес и на ЕУ и на регионот.

– Оваа Влада во изминатите денови навистина интензивно преговараше и компромисот кој што сега е на маса и како што јас го читам е вистински компромис во кој се земени во предвид барањата на македонската Влада и мислам дека тоа е знак дека Европа може да функционира тука, рече Сарацин

Сарацин потенцираше дека политиката на проширување и интеграцијата на Западен Балкан е клучна и за германската Сојузна Влада и затоа е многу важно овој процес со Северна Македонија да се заокружи и дека тоа е наш интерес, но и во интерес на Европската Унија.

Маричиќ и Сарацин посочија и на акуелната ситуација во однос на руската агресија врз Украина, истакнувајќи дека треба европскиот континент да се обедини со цел да се зајакне геополитичката безбедност и да се затвори секаква можност за влијанија од други земји во регионот.

Извор: СЕП

Next Post

(ВИДЕО) Зеленски: Примарна задача за нашата држава е да обезбедиме основна заштита од ракетни напади

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk