Со францускиот предлог е предвидено дека македонскиот јазик е заштитен сега и засекогаш. Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ, истакна на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми по координација посветена на Информацијата за Предлог-преговарачката рамка.
– Како лажна вест велат дека нема да почнеме, нема да стартуваме со преговори. И во преговарачка рамка и во сите документи, но и изјавите од сите наши пријатели од меѓународната заедница, од демократските земји, се вели дека веднаш ќе почнеме со преговори. И сега кому да му веруваме? На лажните вести или на претставниците на нашите институции и на нашите меѓународни пријатели со кои заедно рамо до рамо сме ги постигнале сите успеси на оваа држава, изјави Адеми.
Извор: Локално.мк