ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

July 11, 2022 08:14
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека за време на протестите „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“.

Анализира Вистиномер.

Во објава на Фејсбук се тврди дека Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност изјавил дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци во скопската чаршија“. Објавата се однесува на инцидентите кои се случија на 6 април за време на протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, кога на плоштадот Скендербег лицето Е.Ј. (40) извади пиштол и испука неколку куршуми, а дојде и до поголем судир меѓу групата лица и демонстрантите.

Во постот на Фејсбук, кој е придружен со медиумски запис од веб-порталот Скопје 1, каде е споделено и видео, пишува:

Ако молчиме како до сега, вака си ПОИГРУВААТ со нас! Сашо Тасевски, директор на Биро за Јавна Безбедност, човекот кој извади самиот пиштол во собрание против својот народ, за време на 27ми Април, изјавува сега дека Македонците ги нападнале мирољубивите албанци во чаршија.

КОЈ ГИ РАЃА ВАКВИ???

Станува збор за невистинa, односно за манипулирана, изменета содржина, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Видеото што се споделува е монтирано (altered content) и тоа може да се препознае и по гестикулациите на Тасевски, односно лесно може да се согледа дека тој не ја отвора устата во согласност со она што лицата кои го монтирале видеото сакале да го прикажат.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата Македонски национален фронт со наслов „Директорот на БЈБ: Масата народ сакаше да ги нападне Албанците“ и истото има над 29 илјади прегледи, повеќе од 100 коментари и околу 180 допаѓања.

Во монтираното видео, кое се однесува на тоа дали полицијата навремено и професионално одговорила за да ги спречи инцидентите, директорот на БЈБ наводно изјавува:

Тоа е од одреден ваш агол, кај што не ги гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци. Има и од крим полиција. Гледате колку е масата насилна и колкава бројка сака да ги нападне Албанците што си стојат мирно граѓаните.

Од логото на видеото може да се види дека истото е преземено од телевизија „Алфа“. Но, ако се отвори оригиналното видео од телевизискиот прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“.

Во 1.44 минута од прилогот се емитува оригиналната изјава на Тасевски кој вели:

Тоа видео е од одреден ваш агол, каде што не се гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци, има и од крим полиција.

На прашањето на новинарот „како реагираат полицајците на инцидентот“, Тасевски одговара, „па еве гледате“, на што новинарот вели „не гледаме“, а Тасевски одговара, „па за тоа зборувам“. И тоа е целата изјава што може да се чуе од директорот на БЈБ во однос на инцидентот и начинот на кој реагирала полицијата.

Оттаму, поради горенаведените факти, може да се заклучи дека објавата што се шири на социјалните мрежи, а ја презеле и некои медиуми е со невистинита содржина, а видеото е монтирано, со цел граѓаните да бидат доведени во заблуда и изманипулирани дека наводно директорот на БЈБ зазема страна во однос на инцидентите кои се случија на 6 јули на плоштадот „Скендербег“.

Инаку, вооруженото лице кое испука неколку куршуми за време на инцидентите беше приведено, а Основниот кривичен суд му одреди осумдневен притвор.

Next Post

Вицепремиерката Грковска во посета на Рим, во фокусот на разговорите ќе бидат антикорупциските политики и доброто управување

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk