ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Фратини: Стручната поддршка на Италија во делот на антикорупциските политики е од големо значење

July 12, 2022 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Рим имаше средба со претседателот на државниот совет на Италија Франко Фратини, со кого разговараа за можностите за соработка во областа на антикорупциските политики, но и во унапредувањето на регулативата за јавните набавки, информираат владините служби.

Вицепремиерката Грковска изрази голема благодарност до претседателот Фратини за поддршката што Италија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, но и за експертската поддршка во одделни подрачја кои се од исклучително значење за прогресот на нашата држава.

Претседателот Фратини и честиташе на вицепремиерката Грковска за прогресот што Северна Македонија го има постигнато во однос на реформите и воспоставувањето на одржлив систем. Тој нагласи дека за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства мора да има јасна и прецизна регулатива, во која сите елементи ќе бидат насочени кон апсолутен интегритет и превенција на корупцијата. Тој додаде дека е важно граѓаните да видат дека правдата функционира и дека таа мора да биде брза и ефикасна.

Вицепремиерката Грковска образложи дека таа се залага за трајни и одржливи решенија кои нема да бидат популистички, туку решенија кои ќе даваат долгорочни резултати.

„Свесна сум дека тоа не може да се случи преку ноќ и затоа сум задоволна што со повеќе надлежни институции во Италија имаме тесна и плодна соработка“, нагласи Грковска.

Претседателот Фратини додаде дека Државниот совет на Италија и Кабинетот на вицепремиерката Грковска заеднички треба да ги детектираат областите во кои на Северна Македонија и треба стручна поддршка, за потоа да ги детерминираат областите на соработка.

Во рамките на посетата на Државниот совет на Италија, вицепремиерката Грковска имаше средба и со Диего Сабатино, претседател на секторот за јавни набавки.

На состанокот двајцата соговорници разговараа за начинот на кој може да се унапреди регулативата за јавните набавки со цел да се изгради ефикасен систем за спречување на можните манипулации и злоупотреби во јавните набавки и трошењето на јавните пари.

Вицепремиерката Грковска истакна дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во делот на транспарентноста на трошењето на јавните средства, но и во однос на прецизирање на постапките, но сé уште постои простор за унапредување на системот.

Сабатини нагласи дека посетата на вицепремиерката Грковска на Државниот совет се случува во вистински момент, односно кога стручните тимови работат на унапредување на Кодексот за јавни набавки на Италија, со цел тој да биде усогласен со директивите на Европската Унија од една страна, но и да се создаде Кодекс кој ќе биде отпорен на сите потенцијални проблеми.

Next Post

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk