Северна Македонија треба да направи одлучувачки чекор напред. Ова е пораката која претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, ја објави на Твитер, откако пристигна во Скопје.
„Мило ми е што сум денеска во Скопје. Северна Македонија е вистински и доверлив партнер. Луѓето од МК ја покажаа својата посветеност кон европските вредности. Тие заслужуват да ја гледаат својата земја како напредува на патот кон членство. Сега е на МК да го направи одлучувачкиот чекор напред“, напиша Фон дер Лајен.
I’m glad to be in Skopje today.⁰
North Macedonia is a true and reliable partner.The people of ?? have shown their commitment to EU values.⁰
They deserve to see their country move forward on the path to membership. ⁰
The decisive step forward is now for ?? to take. pic.twitter.com/yOkRpQmRSH— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
Лајен на скопскиот аерoдром беше пречекана од министерот за внатрешни работи Бујар Османи, по што имаа и средба.
Изразувајќи благодарност Османи рекол дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка, нагласил, ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг.
„Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешното обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции“, истакнал Османи, се наведува во соопштението од МНР.
Лајен треба да се сретне со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери. Потоа претседателката на ЕК ќе се обрати и во Собранието.