Тие што се прашуваа каде е Христијан Мицкоски, сега можат да бидат спокојни. Тој не се појави на протестите, а ниту во Собранието на седницата на која се обрати претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, а потоа почна и расправата за европскиот предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Одговорот сега е познат: Мицкоски е во седиштето на Делегацијата на ЕУ. Тој е фотографиран попладнево (14 јули) како влегува во седиштето на Делегацијата. Сам.
Веројатно, главното прашање што сега ќе го постават сите што со денови наназад протестираа, но и целата јавност е: „Што кажа Мицкоски, што му беше кажано и на што се согласи во седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје?“ Тој излезе на прес конференција и ја „почести“ јавноста со информацијата дека бил на средба во Делегацијата. Но не даде одговор на вистинските прашања: Зошто се месеци ја манипулира јавноста, ги блокира процесите, а ревидираниот предлог од ЕУ го отфрли пред да го прочита? За на крајот, да ја подвитка опашката и да разговара токму со тие против кои ги хушкаше македонските граѓани.
Со право се растревожени и лути, како поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, така и многумина други кои гледаат како Мицкоски и неговата партија уште еднаш, како и со години наназад, ја манипулираат јавноста. Едно зборуваат на прес конференции, друго прават во Собранието (ако се појават), а сосема нешто трето се случува во нивната комуникација со претставниците на меѓународната заедница.
Д. Е.