ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЛДП: ДА за Европа, НЕ за било каква билатерализација на нашиот европски пат

July 15, 2022 14:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЛДП, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, недвосмислено се залага за целосно полноправно членство на нашата земја во Европската Унија, со сите свои културни, јазични, историски и идентитетски особини, како и сите други 27 земји членки на Унијата, пишува на Фејсбук страната на Либерално демократската партија (ЛДП).

„Либерално демократската партија на седница на Централен Одбор во врска со информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со советот на Европска Унија, на 30 јуни 2022 година, ги усвои следните заклучоци:

ЛДП, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, недвосмислено се залага за целосно полноправно членство на нашата земја во Европската Унија, со сите свои културни, јазични, историски и идентитетски особини, како и сите други 27 земји членки на Унијата.

ЛДП смета дека Владата на Република Северна Македонија треба да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси.

За ЛДП, Преговарачката рамка треба да ги вгради европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми, но не и билатерални прашања, и не културни, јазични, историски и идентитетски прашања.

ЛДП се залага Владата на Република Северна Македонија доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара под никакви услови и тоа претставува наша црвена линија.

ЛДП смета дека преговорите мора да се водат врз основа на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.

Во однос на Информацијата на Владата на Република Северна Македонија за документите од ЕУ (Општ став на ЕУ, Преговарачка рамка, Заеднички став на ЕУ и Заклучоци на Советот на ЕУ) во заклучоците да се вградат следните предлози на ЛДП:

  • ЛДП смета дека од преговарачката рамка мора да се изостават сите евентуални билатерални прашања наметнати од Бугарија и секој обид за вметнување такви прашања е неприфатливо и ЛДП нема да поддржи било каков напор од таква природа.
  • За ЛДП, билатералните записници (протоколи) кои ги потпишуваат Република Северна Македонија и Република Бугарија ќе бидат обврзувачки за двете држави, не смеат да се однесуваат на евроинтегративниот процес и сите прашања мора да се усвојат со апсолутен консензус, билатерален, и домашен.
  • ЛДП се залага на првата Меѓувладина конференција да се усвои преговарачката рамка, со што ќе почнат пристапните преговори, скрининг процесот, а потоа и отворање на поглавјата.
  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за конечната усогласена Преговарачка рамка и другите документи кои што ги усвојува Советот на ЕУ, како и за целиот процес.

ЛДП е промотор на Европска Македонија и ќе остане цврсто на таа своја определба, но никогаш по цена на културните, јазичните, историските и идентитетските особености на македонскиот народ.

ЛДП бара обврзување на Владата и сите институции, дека за време на водењето на пристапните преговори со ЕУ , преговарачките тимови безусловно и категорично ќе ги почитуваат јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои нема да се преговара под никакви околности.

ЛДП бара активно учество во преговарачкиот тим за водење на преговорите со ЕУ, но и на билатералната Комисија со Република Бугарија за да ги следи и спроведува горенаведените заклучоци.

ЛДП застапува либерални проевропски политики и го почитува ставот на секој член на партијата во согласност со личните убедувања по однос на различни прашања и својот демократски капацитет го има докажано.

НЕ за било каква билатерализација на нашиот европски пат и тоа нема да го дозволиме, ДА за Европа.

Како поединци и како ЛДП ќе продолжиме да ги промовираме јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ и нема да дозволиме да се оспорат или воопшто да бидат дел од процесот на преговори за членство во Европската Унија“, пишува во објавата.

Next Post

(ВИДЕО) Георгиевска: Однесувањето на опозицијата е обид по секоја цена да се смени власта дури ако треба и со жртви

Shortcut

Најново

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

МВР: Со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk