ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026 15:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во сабота, на 30 мај, со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржи свечената промоција на најновата сликовница „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски. Настанот се организира во соработка со Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Сликовницата „Големиот сон“ доаѓа пред публиката со веќе освоено значајно признание. На неодамнешниот Саем на книгата, ова дело го освои првото место за поттикнување општествена одговорност, награда што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

Во своето образложение, жири-комисијата потенцираше дека ова дело е напишано со цел да поттикне прифаќање на различностите, кои не смеат да бидат пречка во остварувањето на соништата. Авторот Јанкуловски е посочен како докажан борец за правата на децата и лицата со попреченост и активен гласноговорник за нивна инклузија во општеството.

Приказна за девојчето Тина и нејзината љубов кон музиката

Како што појаснуваат од издавачката куќа „Прозарт медиа“, оваа сликовница е инспиративна приказна за девојчето Тина, која ја сака музиката повеќе од сè и пее насекаде во својата сина количка со нотички на тркалата. Нејзиниот најголем сон е еден ден да стане вистинска музичка ѕвезда, а кога добива покана да настапи на фестивал, таа учи дека со храброст, добри пријатели и верба во себе, секој сон може да стане реалност.

На претстојната инклузивна промоција, авторот Јанкуловски и илустраторот Костовски накратко ќе го претстават своето дело. Како специјални гости на настанот ќе настапат познатото дуо Дац и Александар, потоа Марија Савеска, како и Ана Витанова, која послужила како директна инспирација за главниот лик во сликовницата.

Објавувањето на „Големиот сон“ е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам, „Зегин“ и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, „Шпаркасе Банка“, „Пакомак“, „Сити Флауерс“ и „Дата Понс“.

Tags: Билјана БеличанецГолемиот сонДац и АлександарДенис ЈанкуловскиинклузијаКисела ВодаКосмонауткокултураПрозарт медиасликовница
Next Post

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk