ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Генчовска по потпишувањето на протоколот: Со заеднички напори и со наша поддршка граѓаните на Северна Македонија ќе стигнат во ЕУ

July 17, 2022 12:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека од денеска се отвора ново поглајве во односите меѓу двете држави.

– За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија добива можност да ги почне преговорите уште задутре со ЕУ, со што почнува последната фаза од нашето пристапување во ЕУ. Се надеваме дека билатералниот процес со Бугарија и пристапните преговори ќе овозможат поблиска соработка меѓу нашите две држави. Очекуваме поддршка од Бугарија на овој пат, изјави Османи по потпишувањето на Протоколот.  

Двајцата министри оценија дека е постигнат напредок во работата на петте секториски групи и она што треба да се направи е тоа да се преточи во пракса.

Експертите од Министерството за надворешни работи на Бугарија продолжуваат да работат со експертските групи од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Се гледа дека сите кои беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми со кои односите меѓу нашите две држави отвараат ново поглавје. Во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето и институциите со цел соработката да биде поблиска, заснована на меѓусебна доверба, рече Османи.

Пред потпишувањето на Протоколот беше одржан вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со која копретседаваа министрите Османи и Генчовска.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера предлог-преговарачката рамка на француското претседателство со ЕУ беше одобрна од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание по Информацијата по овој документ. /МИА/

Next Post
Фото: илустрација Jay Heike / Unsplash

Разорни шумски пожари се шират низ Португалија, Шпанија и Франција

Shortcut

Најново

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk