ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Тоа е компромисот – Ние ги добивме трите важни прашања за нас, а Бугарија доби условена со уставни измени втора меѓувладина конференција

Османи рече дека со целата морална и политичка одговорност тврди дека македонскиот јазик останува чист, без фусноти и додавки и дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата. Протоколот, пак, како што напомена, е на реципроцетитна основа

July 17, 2022 19:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имавме три важни прашања за нас и тоа – јазикот, историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата и да почнат преговорите сега. Трите ги добивме. Република Бугарија доби условување на втора меѓувладина конфреренција со уставни измени. Тоа е компромисот, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција на која го презентираше Протоколот што беше потпишан во Софија.

Рече дека со целата морална и политичка одговорност тврди дека македонскиот јазик останува чист, без фусноти и додавки.

За билатерални односи, ние го имаме затворено прашањето со Република Бугарија. Тоа е јазичната клаузила од 1999 година и 2017 година – македонски јазик согласно Уставот, бугарски јазик согласно Уставот, затоа што тоа е решено прашање и ние никогаш во овие преговори не сме обидувале да смениме став на Република Бугарија, туку како да спречиме тој став да стане европски. И таа битка ја добивме затоа што во ЕУ сега и во иднина јазикот ќе биде чист без никакви квалификации, фусноти и додавки, нагласи Османи.

Денешната изјава на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за македонскиот јазик, Османи рече дека била во насока на тоа дека Бугарија не може да го наметне својот став на Европската Унија.

Колку што сум јас информиран, иако бев на пат кога е дадена таа изјава, е дека изјавата била во правец дека ние не можеме да наметнеме наш став на Европската Унија. Мислам дека тоа е коректен став. Забораваме едно нешто дека во 2017-2018 година кога е потпишан Преспанскиот договор и македонскиот јазик е влезен на картата на Обединетите нации како официјален јазик на Северна Македонија, Бугарија има поднесено унилатерална нота до Обединетите нации дека за нив тоа е неприфатливо, иста таква изјава каква што ќе пушти сега до Европската Унија. Дали тоа имаше некаква импликација на статусот на македонскиот јазик во Обединетите нации?, праша Османи.

Порача дека македонскиот јазик е чист и дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата. Протоколот, пак, како што напомена, е на реципроцетитна основа и ќе биде објавен во текот на денот, само треба да се утврди каде ќе биде објавен.

Next Post

Видео снимка со вознемирувачки говор на граѓани што протестираат пред Собрание

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk