ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Од четврток до недела топлотен бран со температури над 40 степени

July 19, 2022 18:26
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија од четврток до недела ќе биде зафатена од топлотен бран со многу високи температури и суво време. Дневните температури во јужните делови на земјава ќе достигнат и до 41 Целзиусов степен, а во поголем дел од територијата ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Инаку, и подолготрајните прогнози на меѓународните метеоролошки сајтови предвидуваат исклучително високи температури и суво време коешто ќе се задржи и во текот на следната работна недела, со дневни температури на воздухот кои во Повардарието и јужните делови на Македонија би се движеле меѓу 35 и 40 Целзиусови степени.

И во Скопје наредните денови времето ќе биде сончево и топло, со дневни температури на воздухот што ќе достигнат до 39 Целзиусови степени. Топлото време во Македонија доаѓа откако земјите од Западна Европа беа зафатени од топлотен бран со рекордни високи температури. На лондонскиот аеродром Хитроу за првпат во историјата денеска беа измерени 40,2 Целзиусови степени, пренесува Гардијан. Температури од над 40 степени деновиве беа измерени и во Франција, додека во Шпанија и Португалија беа измерени во некои делови беа измерени над 45 степени.

Топлотните бранови низ Европа, како и во Македонија, во изминативе години се позачестени, траат подолго и предизвикуваат огромни штети во најразлични сектори, од здравствениот сектор до енергетиката. Во комбинација со силните ветрови и сушните периоди, ваквите топлотни бранови што се резултат на климатските промени доведуваат до шумски пожари од огромни размери.

Во однос на глобалното затоплување и неговото влијание кај нас, УХМР лани за поголем дел од земјава заклучи дека се соочил со „многу топла година“, поради тоа што просечните температури на воздухот ги надминале средногодишните температури за периодот 1981-2010 година. Па така, отстапувањата од просечната температура на воздухот во 2021 година се движеле од -0,3 до 1,1 Целзиусови степени над референтниот период 1981-2010 година. Слични позитивни отстапувања на просечните температури на воздухот се измерени и во изминатите години во земјава./META/

Next Post

ЕК може да предложи задолжителни заштеди на гас во итен план

НАЈНОВО

МИА

Продолжи судењето за „Жан Митрев“: Обвинителството ги претстави финансиските податоци на Клиниката од 2018 до 2021 година

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за четири општини: Гласање на 11 јануари

November 17, 2025

Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk