На многу силниот турнир (W-60 категорија) во Оломуц, Чешка, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето со победата во два сета против фаворизираната Американка Emma Navarro (6-4 ; 6-2). Младата 21-годишна Американка беше 4-та носителка на турнирот и за дури 117 места подобро пласирана од Ѓорческа на светската ранг листа.
Со денешната победа Лина веќе обезбеди нови 29 поени на WTA листата, а со евентуална победа во утрешното полуфинале против Русинката Darya Astakhova би освоила уште дополнителни 19 поени што во голема мера ги зголемуваат шансите на Лина за учество на годинешниот US Open.
Ацо Лукароски