ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупанчески: Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

July 24, 2022 11:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој кој смета дека во некој текст или некое друго место има елементи на говор на омраза, може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Ние имаме национално сопствено законодавство каде што прецизно го имаме дефинирано поимот говор на омраза или синтагмата говор на омраза. Тоа значи дека доколку има прекршување на она што се нарекува позитивно право тогаш ќе зборуваме за говор на омраза без некакви дополнителни елементи или сегменти. Нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива  практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија, туку да му дадеме малку екстензивно значење, истакнува Тупанчески.

Тој нагласува дека најновата измена на Кривичниот законик во член 426, која се однесува на предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, не може да се поврзува со билатералниот протокол, што неодамна го потпишавме со Бугарија.

Практично нема никаков континуитет или некаква конекција меѓу измените и дополнувањата односно новиот Кривичен законик и неговата прва верзија со актуелните случувања во нашата држава. Две и пол, односно три години наназад, се работеше на оваа привична драфт верзија која што е прикачена на ЕНЕР системот и сите измени, дополнувања, надградба на актуелниот Кривичен законик беа направени врз основа на  други стандарди што не се поврзани со актуелните случувања, вели министерот за правда.

Тој потенцира дека при ова се тргна од позицијата дека треба да се земат предвид компаративните искуства, детектираните слабости во Кривичниот законик во однос на практиката и се разбира меѓународните стандарди.

Кога станува збор конкретно за членот 319, чинам дека беше 426 во драфт верзијата овие додавки или овие суфикси во таа одредба се како резултат на одредени меѓународни стандарди кои што произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза. Омразата има свои европски стандарди во однос на нејзиното етаблирање и практично членот 426 претставува само продукција или консеквенција на она што се нарекува меѓународен стандард, апстрахирајќи се од конкретните случувања, потенцира министерот Тупанчески во интервјуто на Радио Слободна Европа.

Next Post

Папата замина за Канада да го пренесе извинувањето на црквата до домородното население за злоставувањата на нивните деца во минатото

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk