ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меган Маркл не носи кошула од македонски бренд

July 26, 2022 18:00
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук шири невистини дека Меган Маркл носи кошула од македонски бренд кој се рекламира онлајн. Фотографијата која е искористена во постот е преземена од модното списание „Вог“ во Велика Британија, каде што е објавена уште на 8 јули 2020 година, а на неа може да се види Маркл облечена во бела кошула. Станува збор за кошула од британската дизајнерка Миша Ноноо

Вистиномер рецензира пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, и тоа на страница којашто рекламира изработка на женски кошули, а во кој се вели:

Меган Маркл носи наша HRIVÉ кошула. Кошули изработени во Македонија по најповолни цени.

Понатаму во постот се рекламира брендот и се даваат податоци за цените, начинот на онлајн нарачка, а има и линк до официјалната страница за нарачки на моделите.

Меѓутоа, фотографијата која е искористена во оваа реклама од Меган Маркл не е автентична – на компанијата што ги продава овие кошули, туку е преземена од модното списание „Вог“ во Велика Британија, каде што е објавена уште на 8 јули 2020 година, а на неа може да се види Маркл облечена во бела кошула.

Модниот напис е фокусиран на кошулите коишто Маркл ги носи и кои стануваат заштитен знак на нејзиниот моден стил, на модните дизајнери и линии кои ги преферира Маркл, а во текстот се споделени повеќе фотографии за тоа како Меган ги комбинира кошулите во различни пригоди.Така, истата модна комбинација којашто е претставена во постот што го рецензираме, ја има и на фотографијата од текстот на „Вог“, но не пишува дека е од македонската компанија што се спомнува во постот. Напротив, станува збор за кошула од дизајнерката Миша Ноноо. 

Во самата сторија на „Вог,“ наведено е дека белата кошула која ја носи Маркл, е од хуманитарна модна линија од 2019 година и чини 125 фунти. За секоја  купена кошула, иста таква била донирана во организацијата Смарт Воркс која им помага на жените да ги осигураат своите работни места. Иницијативата, според написот на „Вог“, била во согласност со филантропската работа на Меган, која го поставува заедништвото на пиедесталот.

Не само што ова ни дозволува да бидеме дел од приказните на другите, туку не потсетува дека сме заедно во сите борби, изјавила Меган за британски „Вог“.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Меган Маркл носи кошула од македонскиот бренд кој се рекламира онлајн и дека таа кошула била изработена во С. Македонија. Не е познато дали македонската компанија изработува реплики од оваа кошула, меѓутоа јасно е дека Меган Маркл не носи кошула од македонскиот бренд што се рекламира со нејзината фотографија, туку од британска модна дизајнерка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Украина доби неколку ракетни лансири од Германија

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk