Преводот на правото на ЕУ претставува наша обврска која произлегува од правниот систем на ЕУ, кој одредува дека сите официјални јазици на земјите-членки се и официјални јазици на Унијата и дека сите јазични верзии на правните актите се оригинални и еквивалентни, напиша на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.
„Денешното официјализирање на соработката со економските оператори, во еден од клучните делови за нашата успешна евроинтеграција на земјата, а тоа е преводот на правните акти на Европската Унија, доаѓа во вистинско време кога ги отворивме преговорите со Унијата и кога мораме уште поинтензивно да работиме на усогласеноста на нашето националното законодавство со правото на ЕУ.
Македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата кога нашата држава ќе стане нејзина полноправна членка.
Преводот на правото на ЕУ претставува наша обврска која произлегува од правниот систем на ??, кој одредува дека сите официјални јазици на земјите-членки се и официјални јазици на Унијата и дека сите јазични верзии на правните актите се оригинални и еквивалентни“, пишува во објавата.