ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Музички настан „Get EXITed“ во септември во Струмица

July 29, 2022 15:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, РЕПУБЛИКА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во среда, на 7 септември, ќе се одржи голем еднодневен настан во организација на тимот на EXIT во соработка со градот Струмица, на кој ќе настапат познати меѓународни и регионални музички ѕвезди. Местото, комплетната листа на изведувачи и датумот на почетокот на продажбата на билетите ќе бидат објавени наскоро.

Уникатниот концепт на музичкиот настан Get EXITed беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која пред новинарите се обратија градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и претставници на фестивалот EXIT.

„Get EXITed ќе пристигне во Струмица на 7-ми септември! Ветуваме многу дружење, добра музика и пријатни изненадувања. Ги повикувам сите од  Балканот да дојдат во Струмица за да можеме заедно да започнеме едно убаво ново поглавје на нашиот отворен Балкан“, изјави во оваа прилика градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

„Од основањето на EXIT, постојат силни врски меѓу Македонија и нашиот фестивал. Овие врски ги негуваме веќе две децении, а сега е време да дојдеме и ние во вашата куќа! Бидејќи врските меѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради нашата заедничка историја и култура, воодушевени сме што Македонија конечно се приклучува на семејството на EXIT настани, а музичкиот настан Get EXITed во септември во Струмица го означува почетокот на оваа соработка. Една од примарните визии на овој проект е увертира за создавање на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но, во моментов, нашиот фокус е на големата забава Get EXITed. Возбудени сме што конечно ќе се собереме со нашата екипа од Македонија“, велат од тимот на EXIT.

Get EXITed, како концепт за еднодневен музички настан, ќе послужи како одлична увертира на првото издание на големиот македонски фестивал планиран за следната година. EXIT е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, со девет фестивали во седум земји. Освен главниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20 години, EXIT досега организираше бројни фестивали и големи концерти, како фестивалот No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Revolution во Романија, Sea Star во Хрватска, Echowaves во Грузија, Фестивал 84 во Босна и Херцеговина, Sunland на плажата Перла во Бугарија, концерти на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, Red Hot Chili Peppers во Inđija и многу други.

Мисијата на EXIT од своето основање е да го поврзе регионот и да промовира мир, како и да ги промовира брендовите на локациите домаќини и да го зголеми нивниот препознатлив имиџ.

Next Post

Пронајдено момчето што екипи на СВР, ДЗС, ТППЕ и граѓани два дена го бараа во Битола

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk