Македонската полиција претходните неколку дена на место викано Орман, во непосредна близина на границата со Албанија пронајде повеќе парцели засадени со канабис сатива, при што заплени над 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, дознава Фронтлајн од свои извори.
Од МВР ги потврдија овие податоци, а повеќе информации за акцијата на Регионалниот центар за гранични работи Запад најавија по завршување на вештачењето на запленетата дрога.