ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

(ВИДЕО) Телескопот „Вилијам Хершел“ со посебна технологија „Weave“ ќе го истражува создавањето на Млечниот пат

August 1, 2022 19:00
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Куполата на телескопот Вилијам Хершел и Млечниот пат. Фото: Макс Александар

Куполата на телескопот Вилијам Хершел и Млечниот пат. Фото: Макс Александар

Share on FacebookShare on Twitter

Телескопот „Вилијам Хершел“ (WHT) којшто е поставен во Ла Палма, Шпанија е надополнет со нова технологија што ќе открие како е формирана нашата галаксија со досега најпрецизни детали.

Телескопот ќе може да истражува 1.000 ѕвезди на час сè додека не формира каталог од сите 5 милиони што се наоѓаат во Млечниот пат.

Би-Би-Си јавува, пренесува Мета.мк, дека овој инструмент ќе ја анализира градбата на секоја ѕвезда посебно како и брзината со која патува, што ќе открие на кој начин е изграден Млечниот пат во текот на изминатите милијарди години.

Професорот Гевин Далтон од Универзитетот Оксфорд вели дека ова е фантастично достигнување на многу луѓе што придонеле денес да функционира телескопот.

„Следниот чекор е нова авантура и тоа е брилијантно“, изјавил професорот Далтон за Би-Би-Си.

„Weave“ технологијата е вградена во телескопот „Вилијам Хершел“ што сега е поставен на планина на шпанскиот остров Ла Палма.

Телескопот е изграден од 80.000 различни делови и се смета за чудо на инженерството.

Во секој дел од небото кон кој е насочен телескопот, астрономите ги идентификуваат позициите на илјадници ѕвезди. Тој е составен од т.н „роботски прсти“ кои имаат внимателно поставени цевки што ја пренесуваат светлината прецизно на секоја од плочите што е насочена кон одредена ѕвезда.

Овие цевки се всушност мали телескопи. Секоја од нив ја доловува светлината на одредена ѕвезда и потоа ја поврзува со друг инструмент. Потоа светлината се дели на спектар од виножито што ги содржи тајните за создавањето и историјата на ѕвездата.

Целиот овој процес трае еден час. Додека се случува ова, цевките се насочени кон следните 1.000 ѕвезди на западната страна на плочата што се превртува за да го анализира следниот таргетиран сет ѕвезди.

„Weave“ има можност да ја одреди брзината, насоката, староста и структурата на секоја ѕвезда што ја набљудува по што успева да создаде филм од ѕвезди што се движат во Млечниот пат. Според професорот Далтон, со помош на ова ќе може да се реконструира целото формирање на Млечниот пат и тоа во досега невидени детали.

„Ќе може да ги следиме галаксиите што биле апсорбирани во Млечниот пат додека тој се формирал во космичко време и да видиме како секоја апсорпција на нова галаксија влијаела врз создавањето на нова ѕвезда“, посочил професорот Далтон.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

Калас: Русија да прифати одговорност за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година

July 18, 2025

Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk