Говорејќи за актуелната политичка ситуација, претседател на СДА Бакир Изетбеговиќ, изјави дека Русија и Србија ако сакаат мир, ќе го имаат следниот ден, јавуваат босанските медиуми.
„Доколку Русија и Србија сакаа мир, би го имале следниот ден. Русија ја уништува Украина. Србија прави хаос на Балканот. Нема место каде што не направи проблем во изминатите 30 години. Знаеме што се случи во Босна и Херцеговина и наместо да ја испуштат топката, наместо да платат отштета и наместо цивилизирано да се однесуваат, тие повторно се извор на проблемот. Да сакаа мир за себе и за нас, ќе го имаа денеска“ – изјави Бакир Изетбеговиќ