ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО ДПМНЕ го изврте МАНУ во Мануленд на антидржавни „среќни мисли”

Веќе е јавно дека таа асимилаторска-во-простотија зомби-зараза на државава од страна на ВМРО ДПМНЕ го изврте МАНУ во Мануленд на антидржавни „среќни мисли" и му ги пушти на податниот дел од народот опседнато да му павтаат со крилцата во етерот.

August 3, 2022 08:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Го славиме Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ денес, кога голем дел од државата ни е асимилирана од простаклук, невоспитание, глупавост, кои структурата која себеси се нарекува „револуционерна” и се одзива на ВМРО ДПМНЕ, ги шири на секој празник.

Не е дека нешто чека прилика за микрофон, за да фати пак за ‘рбетни приказни. Овојпат вметна и патријархални смрдулки („мажишта и жени”), непристојност кон смртта („расфрлани коски по цела земја”), квазиучени купчиња („математички пресметливо”, „атомска”), застарен хедонистички утилитаризам – директна промоција на тоталитаризам („колективна среќа”) и една безредна, простачки глупава приказна за колку му е мила ЕУ (на Мицкоски). Небаре гледа директно во шут карта од Европската народна партија + некоја црна листа и вика „ма нееее, кој, јас?”

Никаква револуционерна порака, само кукање, обвинување на други како мало дете, смешно правдање на себеси пред меѓународниот фактор и некоја матканица за „колективна среќа”.

Тешко дека толку народ што им изгласал толку пратеници се некакви „револуционери”, напротив. Таа партија направи дел од народот да биде асимилатор на друг, податен дел од народот. Асимилаторскиот мотор се врти околу оглупувувањето, несогледувањето, непланирањето, инаетот, злобата, шовинизмите, патријархалноста и сопствениот апсолутизам пропагиран низ пирамидалната шема на моќи во која се наоѓаат заедно асимилаторите и асимилираните.

Веќе е јавно дека таа асимилаторска-во-простотија зомби-зараза на државава од страна на ВМРО ДПМНЕ го изврте МАНУ во Мануленд на антидржавни „среќни мисли” и му ги пушти на податниот дел од народот опседнато да му павтаат со крилцата во етерот.

Револуционери денес се оние кои се залагаат за еднаквост, вистинско образование, добро здравство, добро судство, безбедност, сигурност, отвореност (како бенефитите што се планираат со Отворен Балкан и ЕУ), сите современи стандарди, технолошко напредување,…

Макар една, една работа да споменеше од овие. Но, не. Нецивилизирани штетници беа и останаа, асимилираа со нецивилизираноста и високо, и ниско во државава, но не сите.

Не сите. Еве, нѐ има, не баш малку што сме ги прозреле. Не се обединувам!


Текстот е личен став на авторката
Next Post

Храна ќе има, не се очекуваат проблеми со увозот, можни нови поскапувања

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk