Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.
Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело.
– Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош“- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми.
Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.
– Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.
Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да, како што вели, еднаш засекогаш се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.
Русковска, исто така, бара и Европската обвинителка Лаура Ковеши, доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откакако е таа на чело на обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми./МИА/