ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Треновски: Девизните резерви се на солидно ниво, во јули ново зголемување

August 4, 2022 09:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
фото: ДВ

фото: ДВ

Share on FacebookShare on Twitter

Нема мрдање од нашиот стабилен фиксен девизен курс и не треба да има сомнеж по ова прашање. Девизните резерви се амортизерот – заштитниот слој кој ја гарантира таа стабилност и истите имаат улога да ги елиминираат притисоците доколку се појават и затоа тие континуирано се кумулираат. Во последните неколку месеци (април – јули) сме сведоци на континуирано избледување на притисоците на девизниот пазар и продажбата на девизи и веќе во јули повторно се преминува во откуп на девизи – односно се забележува ново зголемување на девизните резерви, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор и член на Советот на Народната банка, Борче Треновски.

Професорот посочува дека монетарната стабилност и предвидливост е пресудна за креирањето на одржливи економски политики, здрава деловна клима и бизнис околина.

– Девизниот курс за нашата економија, претставува „сидро” кое не дозволува „економскиот брод” да го однесат брановите предизвикани од регионалните и глобалните ветрови на нестабилност. Синџирот кој го држи сидрото и бродот закотвен се девизните резерви кои често се предмет на дискусии, елаборации и шпекулации. Оттука, нема дилема дека одмерените реакции на монетарната власт – Народната банка, неопходно треба да бидат во насока на чување и одржување на таа стабилност, посочува Треновски.

Според Треновски, серијата од последователни економски, енергетски и безбедносни кризи во нашата економија, како и регионот, пред се увозните притисоци, поради зголемените увозни цени на енергијата и храната, неизбежно било да направат притисоци на монетарната стабилност и девизните пазари. Затоа, велиТреновски, овие движења испровоцираа историски одговор, не само од нашата централна банка, туку од речиси сите централните банки во регионот (Србија, Хрватска, Чешка итн.) и глобално (САД, ЕУ, Јапонија итн.) со носење на серија мерки преку повеќе канали – каматни стапки, задолжителна резерва, репо-трансакции, макрупрудентни мерки итн.

Треновски го истакнува и влијанието на неоснованите шпекулации на девизниот пазар, како и тоа дека во изминатиот период се акумулирани доволно девизни резерви за да се гарантира стабилноста на домашната валута.

– Да не одиме подалеку, да се вратиме пет-шест години наназад. Само за четири години, во периодот 2018-2021 година, девизните резерви се зголемиле за дури 1,307 милијарди евра, за да во услови на глобална нестабилност (пред се – силен увоз на електрична енергија) последната година бележи извесно намалување на тој претходно кумулиран износ, за пак во моментот да останат на едно од историски повисоките нивоа (3,197 милијарди евра). Она што најмногу може да го дестабилизира девизниот пазар се неоснованите шпекулации со кои Централната банка континуирано се справуваше во периодот, нагласува Треновски во изјава за МИА.

Next Post
Ivailo Tsvetkov

Путиновата жетва во Украина

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk