ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид во Културниот центар во Битола, Комисијата го доживува како обид за влијание

August 5, 2022 13:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа.

Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола.

– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција.

По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.

– Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.

Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв./MИА/.

Next Post
Ѓорѓи Ерман - Политички новинар во „Би-би-си“ сервисот на украински јазик, од националниот универзитет Тарас Шевченко во Кијив

Украинскиот новинар Ѓорѓи Ерман: Македонската донација на оружје е пријателски потег во ова сурово време за Украина

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk