Селото Писки во Доњецката област е под контрола на Вооружените сили на Украина. Ова го изјави Павло Кириленко, началникот на регионалната воена управа на Доњецк, на украинските ТВ канали, пренесува Укринформ.
„Селото Писки е контролирано од украинските вооружени сили, односно од украинските власти. Слушнавме многу лажни извештаи, дури и за време на војната во целосен размер, кои директно се насочени или кон окупираните територии или кон зомбираното население на руската федерација дека Славјанск наводно е под нивна контрола и дека се приближуваат до Краматорск и слично. Сепак точно знам за што зборувам. Да, ситуацијата е многу жешка во населбата, но професионалната команда има презеде дополнителни мерки за да се спречи спроведувањето на плановите на непријателот“, рече регионалниот гувернер.
Обработка: И. Т. З.