На 8 август 1969 година, фотографот Иан Мекмилан ги фотографира Битлси како ја преминуваат улицата во близина од нивното студио на Abbey Road. Фотографијата станува една од најпознатите насловни фотографии на музички албуми.
Кога беше направен план да се направи насловна фотографија во подножјето на Хималаите за да се илустрира насловот на албумот, бендот се откажува од идејата и наместо тоа тргна со најлесниот можен план – сликајте ја надвор од студиото и наречете ја Abbey Road!
Фотографијата е направена од шкотскиот фотограф Иан Мекмилан, кој стоел на скала на средината на улицата додека полицаец го блокирал сообраќајот. Целата работа била направена за околу 10 минути.
Abbey Road е единаесеттиот студиски албум издаден од Битлси. Тоа е последниот албум што групата започна да го снима, иако Let It Be беше последниот албум завршен пред распаѓањето на бендот во април 1970 година. Најмногу беше снимен во април, јули и август 1969 година, а беше објавен на 26 септември 1969 година во Обединетото Кралство и на 1 октомври 1969 година во Соединетите држави, достигнувајќи го првото место во двете земји. Двојниот сингл од А-страната од албумот, „Something“ / „Come Together“ беше објавен во октомври, кој исто така беше на врвот на топ листите во САД.
Ј. Ѓорѓиоски