ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претставата „Црнила ремикс” наградена за најдобра употреба на музика на Фестивалот „Нишвил“

August 9, 2022 18:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Театарската претстава „Црнила ремикс” ја доби наградата за најдобра употреба на музика на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој доцна синоќа заврши во српскиот град Ниш, пренесува МИА.

Жирито на Фестивалот, театарските критичари Наташа Гвоздановиќ и Игор Буриќ и американската актерка и продуцентка Жозелин Пук, во образложението наведуваат дека претставата е оригинална, со тоа што ангажира рап музика во јукстапозиција со традиционални македонски вокални стилови.

Претставата е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера и поттикнува силни емоции, се наведува во образложението на жирито.

На фестивалот „Нишвил”, што од 5 до 9 август се одржа на сцените низ Ниш, Грандпри наградата ја доби претставата „Балкан Боредело”, ко-продукција меѓу „Ла Мама“ од Њујорк, „Ателје 212“ од Белград и „Кендра Мултимедија“ од Приштина, а сите награди се доделени едногласно.

Наградата доаѓа во вистински момент, кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. „Црнила Ремикс” својот силен фестивалски залет го имаше веднаш по премиерата крајот на 2018 година, но за жал веќе на почетокот на 2019 година како и цел свет и ние мораше таму да запреме. Многу убава енергија околу овој проект, па затоа верувам дека „Црнила” на МКЦ Скопје ќе ја има уште долго на сцена, истакна Русе Арсов, продуцент на претставата.

Режисер на проектот е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап колективот „Зад аголот” го поставија ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле.

Мислам дека ја имавме најсоодветната продукција за овој фестивал, чија специфика е токму селекција на претстави каде музиката е важен драмски елемент во нарацијата. Експериментиравме со многу стилови и формати, добивме одличен музички производ, и затоа сега ми е многу драго што тоа го препознаа и членовите на жирито, изјави Јордан Симонов.

Пред полниот амфитеатар во Ниш на Фестивалот се поклонија членови на Организацијата: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

Next Post
Фото: Fiona Smallwood on Unsplash

Делови од Европа страдаат од суша, во Велика Британија прогнозите се дека ќе трае до октомври

Shortcut

Најново

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk