Руските сили извршија 27 напади врз регионот на Доњецк на 8 август, при што загинаа и беа повредени цивили, вклучително и едно дете. Училиште, пункт за дистрибуција на хуманитарна помош и цивилни куќи биле под непријателски оган, известува Прес-службата на Националната полиција на Украина, пренесува Укринформ.
„Окупаторската армија на Руската Федерација изврши 27 напади врз цивилни области, од кои 13 напади врз Авдиивка. Има мртви и ранети цивили. Непријателот ги погоди градовите Авдиивка, Бахмут, Костијантинивка, Краснохоривка, Соледар, Часив Јар, селата Иванивка, Иванивске, Карливка, Новоселивка Перша, Стари Комар, Первомаиске, Писки“, се вели во извештајот.
Според Националната полиција, руските војници користеле авиони, проектили, тенкови, артилерија, системи Град МЛРС, Ураган и Смерч против цивилното население. Како резултат на тоа беа уништени или оштетени 58 цивилни објекти, меѓу кои 53 станбени згради, училиште, перална за автомобили итн.
Како што информираат полицијата и Службата за безбедност на Украина отвориле кривична постапка според член 438 (прекршување на законите и обичаите на војната) од Кривичниот законик на Украина.
Како што објави Укринформ, руските напаѓачи убиле тројца и раниле 19 цивили во регионот на Доњецк во текот на изминатиот ден.
Подготви: Ј. Ѓ.





