ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

БРО за медиумските објави за новите наставни програми: Се пласираат погрешни информации

August 10, 2022 11:31
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

По објавите во некои медиуми дека според новите наставни програми за основно образование децата во второ одделение ќе учат за идентитети, Бирото за развој на образованието (БРО), кое деновиве ги објави наставните програми за второ и петто одделение, реагира дека се пласираат погрешни информации. Од БРО велат дека фокусот се става на националните стандарди наместо на резултатите од учење конкретизирани преку стандардите за оценување во секоја одделна наставна програма.

– Националните стандарди се состојат од знаења, вештини и ставови, односно вредности базирани на осум подрачја на клучни компетенции за доживотно учење кои учениците треба да ги стекнат до крајот на основното образование. Во процесот на образованието, секој наставен предмет во секое одделение, како и воннаставните активности во училиштето, учествува, согласно возраста на учениците и спецификите на наставниот предмет, во стекнување на тие компетенции. Во секоја наставна програма од конкретен предмет прецизно е наведено што ученикот/ученичката треба да научи по тој предмет во даденото одделение. Тоа се гледа преку резултатите од учење и стандардите за оценување наведени во наставната програма, посочува Бирото.

Доколку се погледнат наставните програми за второ одделение, појаснуваат од БРО, во стандардите за оценување и понудените активности најдиректно може да се препознаат трите водечки принципи на новата Концепција: принципот на родова сензитивност/рамноправност, принципот на инклузивност и принципот на интеркултурност.

– Така на пример, во наставната програма по Општество за второ одделение (страници 6-10) наведен е следниот резултат од учење: „Ученикот/ученичката ќе развива свест за почитување на различности врз основа на пол, јазик и можности“, кој се очекува да биде постигнат преку конкретни стандарди за оценување (пр.: „Препознава ситуации на нееднакво постигнување со момчиња и девојчиња во училиште.“ и „Наведува примери за почитување и непочитување на разликите во различни контексти.“) и серија од понудени активности прилагодени на возраста на учениците, кои овозможуваат самите ученици да изведат заклучоци во врска со родовата рамноправност, укажува БРО.

Бирото заедно со МОН апелира да не се прифаќаат и шират лажни вести кои, како што додава – „се дел од секојдневието во нашата држава“ и повикува „сите заинтересирани страни да побараат релевантни информации од стручните тимови на надлежните институции наместо самите да толкуваат или пренесуваат статуси од социјалните мрежи“.

– Токму затоа, една од носечките цели на новите наставни програми и наставните методи е да ги научат учениците од рана возраст критички да размислуваат кога примаат и обработуваат информации, наместо да веруваат во секоја информација која ќе ја слушнат, без оглед на тоа дали е добронамерно или злонамерно пласирана. На тој начин, основното образование ќе овозможи идните возрасни граѓани да бидат поотпорни на политички или друг вид манипулации, велат од Биро за развој на образованието./МИА/

Next Post

Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk