ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дезинформации за каменување на Ирскиот паб во Скопје од „Шверцери“: демант од МВР и пабот „Св. Патрик“

August 11, 2022 21:01
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку медиуми на 8 и 9 август 2022 година „известија“, односно ја дезинформираа јавноста за наводно каменување на познатиот скопски „Ајриш паб“ од страна на навивачката група на „ФК Шкупи“ – „Шверцери“, со сензационалистички наслови, користејќи ја фразата „ексклузивно дознава од свои извори“.

ИМА испрати прашања за наводниот инцидент преку е-пошта до Ирскиот паб „Св.Патрик“ од Скопје и стапи телефонски во контакт со вработените, од кои добивме информација дека Ирскиот паб „Св.Патрик“ во Скопје не бил каменуван: „Тоа се лажни вести“, ни рече еден од вработените во локалот.

ИМА испрати прашања за наводниот инцидент и до МВР, со оглед на тоа што медиумите детално известија како полицијата ги спречила навивачите: „Тие биле спречени во намерата од припадници на полицијата кои случајно се нашле на лице место по што се дале во бегство во правец кон Камениот мост. Полицајците ги изгубиле хулиганите некаде во Старата Скопска Чаршија.“

Барањето за информација од страна на ИМА, во врска со наводниот инцидент на каменување на ресторанот Ајриш паб во ГТЦ – Скопје од навивачка група „Шверцери“, беше проследено до МВР со прашање: дали се точни овие информации објавени од трите портали? Од МВР ни доставија кус одговор: „Почитувани, Ве известуваме дека во СВР Скопје не е пријавен таков настан.“

Дезинформациите за наводното каменување на познатиот паб, беа злоупотребени на социјалните мрежи во обид за потпалување на етничка омраза и нетрпеливост.  Дезинформацијата „демолиран е Irish Pub“ беше злоупотребена од „Вечер“ за кревање на паника дека „Безбедно “ИСКАЧАЊЕ“ со Скопје нема со години“.

Иако навивачката група „Шверцери“ е одговорна за повеќе случаи на говор на омраза (за два случаи на говор на омраза извести и ИМА) и за насилство (едно видео од насилен инцидент се појави и денеска), нема никакви индиции дека се случило каменување на Ирскиот паб во Скопје од страна на „Шверцери“ кога известија порталите. Нема ниту информации од МВР дека полицијата учествувала во спречување на каменувањето и во потрагата по “хулиганите“.

Станува збор за опасни дезинформации раширени од неколку портали, и за обид за злоупотреба на дезинформациите за потпалување на етнички страсти на социјалните мрежи.

извор: ИМА.мк

Next Post

Јовановиќ: Николовски ја гледа Македонија како логор, а Ковачевски ја гледа како место за сите луѓе со широки хоризонти

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk