ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Конгресот на САД подготвува помош од четири милијарди долари за земјите од Западен Балкан

August 12, 2022 22:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Помошта што се подготвува во Конгресот на САД за развој на Западен Балкан е вредна околу четири милијарди долари, а е предвидена за економски реформи, потесна економска интеграција со ЕУ и заштита на културните разлики. 

Доколку биде изгласана, Владата на САД ќе може да нуди техничка помош на државите кои треба да развијат национални стратегии за борба против корупцијата. Според информации на „Телма“ ТВ, овие пари со пропратните програми ќе се реализираат во текот на пет години. 

Справувањето со корупцијата е многу важен дел. А она што го прави легислативата е да го овласти државниот секретар (Ентони Блинкен) да обезбеди техничка помош на земјите кои бараат помош при адресирање на нивните предизвици со корупција, изјави сенаторката Џин Шахин, претседателка на поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, која минатата недела, заедно со уште шест ко-спонзори, двајца сенатори републиканци и четворица демократи, го претстави предлог-законот за Западен Балкан. 

Законот кој ги опфаќа сите шест држави од Западаниот Балкан – Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, дефинира конкретна ангажирање на САД во борбата против корупцијата преку техничка помош за развој на нови но и поддршка на веќе постоечките антикорупциски стратегии, но и преку обучување на  институциите и агенции, судските иституции, како да бидат поефикасни, потранспарентни и поотчетни. Посебен пасус во американскиот Закон за Западниот Балкан е посветен и на и борбата против политичката корупција. 

Освен институционалните капацитети на државите, САД директно ќе се инволвираат и во помагање на економски развој на регионот. 

Во нацрт законот, кој на 2 август беше внесен на разгледување во Конгресот и допрва треба да помине во Сенатот и  Претставничкиот дом, се вели дека доколку доколку биде изгласан „ќе им помогне на владите да развијат регулативи за да се обезбеди правична и ефикасна инвестиција и алатки за скрининг за да се идентификување и спречување на злонамерни инвестиции и други присилни економски практики“. 

Регионалната инфраструктура е третата точка разработена во нацрт законот, со кој САД ќе ги помагаат и ќе им дадат приоритет на проектите како мостови, патишта, железница за меѓусебно поврзување на регионот, но и со соседните земји, како и развој на телекомуникациски мрежи од доверливи провајдери. 

Ефективната анализа на понудите и транспарентни процеси на набавки, програми за инвестициска транспарентност кои ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ги анализираат празнините и да воспостават неопходни институционални и законски реформи, стои во предлог законот. 

За спроведување на запишаното предвидено е да се отвори регионална канцеларија на соодветните американската финансиски агенции за помош, се вели во текстот. „Телма“ објави дека Северна Македонија силно лобира таа да биде лоцирана кај нас. Според предлог-законот, канцеларијата би требало да биде оперативна најмногу за една година по усвојувањето на законот. 

Со законот САД се инволвираат поинтензивно во процесите во регионот, а тој е обид да се намали руското влијание во шесте држави при што во наодите се констатира зависноста на земјите од регионот од рускиот гас што ги врзува нивните економии со Русија и ги инхибира нивните аспирации за европска интеграција. 

Намалување на зависноста на Западен Балкан од испораката на руски гас и фосилни горива е од национален интерс на САД, стои во текстот. 

Во нацрт-легислативата стои и дека САД ги признаваат јазиците на Западен Балкан и оти ќе продолжат да го поддржуваат културното наследство во регионот. А тоа ќе се изведува преку балкански иницијативи на млади лидери со доделување грантови. 

Во изјавата за „Гласот на Америка“, Шахин истакна дека лидерите на Балканот треба да се фокусираат на интеграцијата во Европската Унија, и да не промовираат конфликт. 

Кога разговараме со луѓето на патувањето на крајот на април, и секогаш кога сум била во регионот во минатото, сум слушала од граѓаните во тие земји дека сакаат мир. Тие сакаат стабилност, сакаат да видат крај на конфликтот. Сакаат да имаат можности за себе и за своите семејства. И мојата порака до лидерите во Западен Балкан е да размислат што сакаат вашите граѓани. Размислете за иднината и за тоа што е добро за вашата земја. Патот напред е гледање кон демократијата, гледање кон интеграција со Европската Унија, со Западот и не со продолжување на промоција на конфликтот што во минатото беше толку катастрофален за нивните граѓани, рече таа. 

Шахин вели дека предлог-легислативата има цел да обезбеди економски напредок и да ја охрабри трговијата на Западен Балкан, не само со САД, туку и со Европа. Тоа е предвидено и преку вклучување во Европската иницијатива за демократска издржливост промовирана од американскиот претседател Џо Бајден на крајот од март по инвазијата на Русија врз Украина, со буџет од 320 милиони долари. 

Освен тоа, интересот на САД, како што е наведено во законот, е намалување на корупцијата и сиромаштијата во регионот, борбата со дезинформациите како закана за демократските институции при што се наведува дека корупцијата и дезинформациите се шират во политички средини обележани со автократска контрола или партизирани конфликт. САД како што се наведува на самиот почеток од предлог-законот има интерес од стабилен и економски просперитетн регион, кој, како што стои е во срцето на Европа. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk