Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ што, како дел од активностите по повод одбележувањето на 21-та годишнина од Охридскиот Договор се одржува во Маврово, е одлична можност за младите, без оглед на нивната етничка припадност, да стекнат нови пријатели, нови знаења и претставува вистински начин за поттикнување на соживотот и вртење на погледот од минатото кон иднината. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој на учесниците им порача дека градењето на млади личности со вредности на интеркултурализам е влог во заедничка просперитетна иднина на Република Северна Македонија.
Организатор на Школата за млади лидери е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците а во рамките на Школата, предавања одржаа проф. д-р Лидија Георгиева, проф. Др. Гордан Георгиев, Џелал Хоџиќ, Роберт Алаѓозовски, Проф. Др. Јусуф Зејнели, проф. Др. Ризван Сулејмани, доц. д-р Ведије Раткоцери и Џабир Дерала.
Планирано е оваа иницијатива за младински обуки да добие траен карактер, овозможувајќи им на учесниците развивање на капацитети за воспоставување политичка стабилност и социјална хармонија во мултиетничко општество како нашето.